Мајсен (округ)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мајсен
Meißen
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Саксонија
Адм. подр. Дрезден
Адм. цент. Мајсен
Површина
 • Вкупна 1,453 км2
Население (31 декември 2011)[1]
 • Вкупно 251.328
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. MEI
Портал http://www.kreis-meissen.de

Мајсен е округ (Kreis) во Саксонија, Германија. Тој се граничи со (од север надесно) покраината Бранденбург, округот Бауцен, урбаниот округ Дрезден, окрузите Зексише Швајц-Остерцгебирге, Мителзаксен и Нордзаксен.

Содржина

Историја [уреди]

Округот потекнува од Amt Meißen, кој бил првпат споменат во 1334. Округот бил владеен од династијата Ветин. Грофовите од Мајсен создале административна единица (Amt) во 13-от век. Во 1835 Amt бил претворен во Amtshauptmannschaft, со област на моменталниот округ покриен од Amtshauptmannschaften Мајсен, Дрезден и Гросенхајн. Во 1939, овие биле преименувани во Landkreise (окрузи). Во административната реформа од 1952, неколку општини биле преместени во окрузите Фрајберг и Дебелн. Во 1990, старите окружни граници биле вратени, а во 1996 биле додадени делови на Дрезден-Ланд. Во август 2008, округот Риза-Гросенхајн бил додаден на денешниот округ, со што ја добил и моменталната големина.

Географија [уреди]

Главна река во округот е Елба, која исто така тече низ градот Мајсен.

Грб [уреди]

Грб Грбот прикажува лав, симбол на грофовите од Мајсен. Грбот бил донесен на 16 ноември 1992 и повторно со едно проширување на 20 февруари 1997. Тој е идентичен со тој на Фландрија.

Градови и општини [уреди]

Градови Општини
  1. Косвиг
  2. Гредиц
  3. Гросенхајн
  4. Ломач
  5. Мајсен
  6. Носен
  7. Радебојл
  8. Радебург
  9. Риза
  10. Штрела
  1. Дира-Церен
  2. Еберсбах
  3. Глаубиц
  4. Хирштајн
  5. Кебшицтал
  6. Кецербахтал
  7. Клипхаузен
  8. Лампертсвалде
  9. Лојбен-Шлајниц
  10. Морицбург
  11. Нидерау
  1. Нинхриц
  2. Пристевиц
  3. Редерауе
  4. Шенфелд
  5. Штаухиц
  6. Тауша
  7. Тиндорф
  8. Вајнбела
  9. Вилкниц
  10. Цајтхајн

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]