Торгау-Ошац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Торгау-Ошац
Torgau-Oschatz
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Саксонија
Адм. подр. Лајпциг
Укинат 01.08.2008
Адм. цент. Торгау
Површина
 • Вкупна 1,167.52 км2
Население (2001)
 • Вкупно 100,485 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. TO
Портал http://www.torgau-oschatz.de

Торгау-Ошац (германски: Torgau-Oschatz) е поранешен округ (Kreis) во Саксонија, Германија. Се граничел со (од север во правец на стрелките на часовникот) округот Витенберг во Саксонија-Анхалт, округот Елба-Елстер во Бранденбург и окрузите Риза-Гросенхајн, Дебелн, Мулдентал и Делич.

Историја[уреди]

Округот бил создаден во 1994 со спојувањето на претходните окрузи Ошац и Торгау и шест општини од поранешниот округ Ајленбург. Во август 2008, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Делич и Торгау-Ошац биле споени во новиот округ Северна Саксонија.

Географија[уреди]

Главна река во округот е Елба. Пејзажот е доминантно низински со повеќе природни паркови низ округот.

Грб[уреди]

Грб Главен симбол на грбот е лавот од Мајсен, бидејќи територијата на округот историски припаѓала на грофството Мајсен. Лавот држи гранче од липа, симболизирајќи ги шумите и земјоделството во округот. Брановитата линија долу е реката Елба.

Грбот бил донесен на 12 јануари 1996.

Градови и општини[уреди]

Градови Заедници на општини Општини
  1. Белгерн
  2. Дален
  3. Домич¹
  4. Мигелн
  5. Ошац
  6. Шилдау
  7. Торгау¹

¹ администрирано како
заедница на општини

  1. Бајлроде
    1. Арцберг
    2. Бајлроде
    3. Гростребен-Цветау
  2. Домич
    1. Домич
    2. Елсниг
    3. Тросин
  3. Торгау
    1. Торгау
    2. Драјхајде
    3. Пфликуф
    4. Цина
  1. Кафертиц
  2. Либшицберг
  3. Мокрена
  4. Наундорф
  5. Зорнциг-Аблас
  6. Вермсдорф

Надворешни врски[уреди]