Средните Рудни Планини (герм. Mittlerer Erzgebirgskreis) се поранешен округ во Саксонија, Германија. Се граничел со (од запад надесно) окрузите Анаберг, Штолберг, слободниот град Кемниц и округот Фрајберг. На југ се граничел со Чешка (Карловарски крај).
Историја [уреди]
Округот бил создаден во 1994 со спојување на поранешните окрузи Маринберг и Цшопау. На 1 август 2008 бил споен во новиот округ Рудни Планини.
Географија [уреди]
Округот се наоѓал на Рудните Планини (германски Erzgebirge). Највисоката точка е 891 метар високиот Hirtstein, додека најниската точка со 305 метри се наоѓа во Вичдорф. 40% од округот е покриен со шуми.
 |
Грбот покажува три симболи на типичните индустрии во округот. На лево е тркало, симболизирајќи ги водениците, кои биле раширени низ округот, како и симбол за модерните индустрии. Дрвото на лево е за многуте шуми и дрвната индустрија, додека чеканите долу се рударски симбол, бидејќи округот бил центар на рудартвото. |
Градови и општини [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
|
|
| Урбани окрузи |
|
|
| Рурални окрузи |
|
|
| Поранешни урбани окрузи |
|
|
| Поранешни рурални окрузи |
|
|
|
Градови и општини во округот Средни Рудни Планини
|
|
|
|
|
|