Фогтланд (округ)
| Фогтланд Vogtlandkreis |
|
|---|---|
| — Округ — | |
| Земја | |
| Покраина | Саксонија |
| Адм. подр. | Кемниц |
| Адм. цент. | Плауен |
| Површина | |
| • Вкупна | 1,412 км2 |
| Население (31 декември 2011)[1] | |
| • Вкупно | 241.643 |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) |
| Рег. табл. | V |
| Портал | http://www.vogtlandkreis.de |
Фогтланд (герм. Vogtlandkreis) е округ во југозападниот дел на покраината Саксонија, Германија, на границата со Тирингија, Баварија и Чешка. Соседни окрузи се (од југ надесно) Хоф, Зале-Орла, Грајц, Цвикау и Рудни Планини. Плауен е административен центар на округот.
Содржина |
Историја [уреди]
Фогтланд станал дел од Светото римско царство во 12 век. Во 1209 владејачката династија ја поделила областа на три дела, Вајда, Грајц и Гера-Плауен. Кога централната власт се намалила врз овие области, наречени на латински advocatus или на германски Vögte можеле администраторите да стекнат право на лидери на областите. 1354-1357 завршило таквото владеење и областа преминала во посед на Бохемија.
Во 1546 Хајнрих Четврти од Плауен ја добил областа од бохемискиот крал и подоцна император Фердинанд Први. Неговите не ја наследиле само земјата, туку и многу голем долг, па така областа била купена од Саксонија од Хајнрих Шести, а во 1569 првпат се создал округот Фогтланд (Voigtländischen Creiß).
Во 1657-1718 Саксонија била поделена на делови, па така Фогтланд припаѓал на Саксо-Цајц. Во 1835 новата уставна монархија ја променила администрацијата и го укинала стариот округ и наместо него бил создаден Amtshauptmannschaft Плауен. Во 1907 градот Плауен излегол од округот и станал урбан округ.
Во времето на Источна Германија, владата во 1952 спровела голема административна реформа и го преименувала областите во Kreise (окрузи) и ги создала новите окрузи Клингентал и Рајхенбах, притоа намалувајќи ја големината на претходниот округ. По повторното обединување на Германија, промените со реформата од 1952 биле укинати и во 1996 биле споени 5 окрузи во Фогтланд.
Со реформата на окрузите на 1 август 2008, градот Плауен бил вклучен во округот.
Географија [уреди]
Фогтланд е именуван по географската област која ја покрива, Фогтланд. Се наоѓа на Рудните Планини и има големи површини на шуми. Главна река во округот е Вајсе Елстер.
Луѓе [уреди]
Првиот германски астронаут, Зигмунд Јен бил роден во Фогтланд. Во неговиот роден град, малиот град Моргенрете-Раутенкранц, во општината Мулденхамер, се наоѓа мала изложба Изложба на вселената.
Грб [уреди]
| Лавот на левата страна на грбот е традиционалниот симбол на Vögte од Вајда, Гера и Плауен, кој бил донесен во 1294. Орелот на десната страна ја претставува Светото римско царство, бидејќи Фогтланд припаѓал на Царството. |
Градови и општини [уреди]
| Градови | Општини | |
|---|---|---|
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Фогтланд (округ)“ |
- Официјална страница (германски) (чешки)
|
||||||||||||||