Хојерсверда
| Хојерсверда/Војереце
Hoyerswerda/Wojerecy |
|
| Поглед на центарот | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија |
| Адм. подрач. | Дрезден |
| Округ | Бауцен |
| Градоначалник | Штефан Скора (CDU) |
| Владејачка партија | Die Wahlplattform für Hoyerswerda |
| Основни податоци | |
| Површина | 95 км2 |
| Надм. височина | 117 м |
| Население | 36.687 (31 декември 2011)[1] |
| - Густина | 386 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | HY (пред: BZ, старо: HY) |
| Портал | hoyerswerda.de |
| Местоположбата на град Хојерсверда/Војереце во рамките на округот Бауцен | |
| Координати | |
Хојерсверда (германски: Hoyerswerda, горнолужички: Wojerecy, долнолужички: Wórjejce) е најголем град во округот Бауцен во германската покраина Саксонија. Се наоѓа во Лужица, регион каде многу луѓе зборуваат лужички, заедно со германски.
Содржина |
Географија[уреди]
Градот се наоѓа во северниот дел од округот Бауцен, близу до границата на Саксонија со Бранденбург. Оддалечен е 36 километри од Бауцен, 44 километри од Котбус и 65 километри од Дрезден. Хојерсверда е дел од Горна Лужица и се наоѓа во рурална низина, карактеристична со неколку езера и некои мочуришта.
Окрузи[уреди]
Хојерсверда се дели на стар град, нов град и следниве окрузи:
- Бретен-Михалкен (германски: Bröthen-Michalken; горнолужички: Brětnja/Michałki) - Дергенхаузен (германски: Dörgenhausen; горнолужички: Němcy) - Кнапенроде (германски: Knappenrode; горнолужички: Hórnikecy) - Шварцколм (германски: Schwarzkolm; горнолужички: Čorny Chołmc) - Цајсиг (германски: Zeißig; горнолужички: Ćisk)
Стар град[уреди]
Стариот град на Хојерсверда се дели на единаесет окрузи (буквално преведени како квартови):
Најда, Дрезднер Форштат, Ам Банхоф, Ам Штатранд, Ан дер Нојпетерсхајнер Бан, Ан дер Труне, Инере Алтштат, Зенфтенбергер Форштат, Шпрембергер Форштат, Нердлихе Елстерауе и Зидлихе Елстерауе.
Нов град[уреди]
Новиот град на Хојерсверда се дели на 14 окрузи (буквално преведени како квартови):
Нојштат Центрум, Кинихт, Гриневалдринг, Гонделтајх, Вонкомплекс 1, Вонкомплекс 2, Вонкомплекс 3, Вонкомплекс 4, Вонкомплекс 5, Вонкомплекс 6, Вонкомплекс 7, Вонкомплекс 8, Вонкомплекс 9 и Вонкомплекс 10.
Историја[уреди]
Рана историја[уреди]
Градот бил првпат споменат во 1268. Во 1371 му било доделено пазарното право. Ги добил општинските права од Фрајхер фон Дуба во 1423, како и правото за избор на сопствен совет.
Во 18-от век, електорот на Саксонија, Август Силниот, му го дал војводството Хојерсверда на Катерина фон Тешен, која помагнала да се развие трговијата и мануфактурата во градот. Битката кај Хојерсверда се случува во близина во 1759, во текот на Седумгодишната војна.
Во 1815, Хојерсверда станал дел од пруската Провинција Шлезија. Во 1873 била отворена новата железничка линија помеѓу Хојерсверда и Руланд - имал позитивен ефект на економскиот развој на градот. Во 1912, Domowina, организација на Лужичките Срби, била основана во градот. Градот повторно станал дел од пруската Провинција Шлезија во 1912.
Подоцнежна историја[уреди]
На крајот на Втората светска војна, градот бил прогласен за центар на германската одбрана и затоа бил тешко бомбардиран. Црвената Армија, подоцна го нападнала градот. Повторно станал дел од Саксонија по војната, но од 1952 до 1990, кога биле укинати државите на Источна Германија, бил администриран од округот Котбус.
Во текот на ГДР, Хојерсверда станал важен индустриски град. Претпријатието за ископување на јаглен, „Schwarze Pumpe“, било основано во 1955 (тоа е денес во сојузната покраина Бранденбург). Од 1957, побарувачкаа за нови станови се зголемила драматично - во следните години, 10 нови големи станбени области се десетици илјади станови биле изградени. Во 1981, градот го достигнал максималниот број на жители од околу 71.000 жители. Во тоа време, немало ниеден град во Источна Германија кој имал повеќе новородени деца по жител отколку Хојерсверда. По повторното обединување во 1990, луѓето на градот одлучиле да се вратат во обновената покраина Саксонија.
Со крајот на ГДР и обновата на источногерманската економија, многу претпријатија во индустриската област на Хојерсверда пропаднале, се затвориле или отпуштале вработени. Социјалната состојба во градот станала особено опасна: во 1991, на пример, се случил ксенофобичен напад врз хостел полн со бегалци. Поради тоа, морало да се интервенира со кампања за антинасилство. Помеѓу 1993 и 1998, некои помали села станале дел од градот, но бројот на вкупните жители опаѓал драматично, од 70.000 во 1980-тите на околу 41.000 луѓе на крајот на 2000. Се очекува населението да опадна повеќе, на околу 20.000 или 30.000 до 2030. Постојат обиди да се заживеа градот: многу од станбените блокови од времето на ГДР биле уништени.[2] Овој проекти, како другите, бил финансиран од пари од ЕУ и Сојузната Република Германија.
Нејзината улога како независно управуван град во Саксонија исчезнала во 2008 со преобликувањето на регионалната адинистрација на Саксонија.
Економија[уреди]
Како дел од Источна Германија, Хојерсверда бил место на неколку важни работодавци, вклучувајќи елетрична централа, фабрика за стакло, рудници за јаглен и воена индустрија. Со повторното обединување на Германија, а потоа и смртта на централно-планската економија, градот изгубил многу работни места во индустријата за стакло и воената индустрија, кои биле затворени, додека електричната централа го намалила својот број на вработени. Во последните 15 години, населението паднало за една половина, а невработеноста останала на 22,3%. Меѓутоа се очекува во следните години населението да се зголеми, а со тоа и да се изградат нови куќи, поради „Kupferabbau“ кај Schwarze Pumpe.
Познати личности[уреди]
Збратимени градови[уреди]
Дилинген/Сар (Германија)
Хуитинен (Финска)
Пфорцхајм (Германија)
Золинген (Германија)
Срода Вилкополска (Полска)
Наводи[уреди]
- ↑ „Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen – Bevölkerung des Freistaates Sachsen jeweils am Monatsende ausgewählter Berichtsmonate nach Gemeinden“ (на германски). „Статистичко биро на Саксонија“. 19 јуни 2012. http://www.statistik.sachsen.de/download/010_GB-Bev/Bev_Gemeinde.pdf.
- ↑ Layer, Till. "Born in the east, young Germans still forced to head west." CNN. 24 October 2009. Retrieved on 3 November 2009.
External links[уреди]
- (германски) Службена страница на Хојерсверда
- (германски) Хојерсверда на страницата isgv

