Вилтен
| Вилтен | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија |
| Адм. подрач. | Дрезден |
| Округ | Бауцен |
| Градски единици | 3 |
| Градоначалник | Михаел Херфорт (CDU) |
| Основни податоци | |
| Површина | 17 km2 (6.6 sq mi) |
| Надм. височина | 288 m (945 ft) |
| Население | 5.977 (31 декември 2006) |
| - Густина | 352 /km2 (911 /sq mi) |
| Други информации | |
| Часовна зона | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | BZ |
| Пошт. бр. | 02679–02681 |
| Повик. бр. | 03592 |
| Мреж. место | Официјална страница |
| Местоположбата на град Вилтен во рамките на округот Бауцен | |
Вилтен е град во округот Бауцен, во Саксонија, Германија. Се наоѓа близу границата со Чешка, 9 километри јужно од Бауцен и 50 километри источно од Дрезден.
Содржина |
[уреди] Географија
Соседни општини се Обергурих, Гроспоствиц, Киршау, Ширгисвалде, Штајнигтволмсдорф. Вилтен денес се состои од центалната населба и некои помали села. Делови на градот се именувани: Сора, Ингерсдорф и Таутевалде.
[уреди] Историја
Вилтен првпат бил спомнат во 1222. Во 1669, селото добило статус на град и пазарно место. Но, сè уште се сметало како село, бидејќи одржувало само неколку пати годишно пазари. Триста години подоцна, повторно станал град. Од 1972, Вилтен е службено место за одмор (Erholungsort).
[уреди] Култура, знаменитости и туризам
Градот се наоѓа во „Lausitzer Bergland“, ридски регион помеѓу Саксонска Швајцарија и Цитауски Планини, во Лужичките планини. Вилтен нуди многу можности за туризам, како искачување и планинарење, воедно и голем број на ресторани.
[уреди] Економија
На почетокот на 19-от век, градот започнал да станува познато место на текстилната индустрија, машинската, производството на пластика и алкохол. Важни претпријатија денес се: Wilthener Weinbrennerei/ Hardenberg Wilthen AG, KEW Kunststofferzeugnisse GmbH Wilthen, Lakowa GmbH Kunststoffbe- und verarbeitung, VTN Härterei Wilthen GmbH, SLM GmbH и Schumann Kies- und Hartsteinwerke.
[уреди] Надворешни врски
Медиумски материјали поврзани со Вилтен на Заедничката Ризница.