Каменц
| Kamenz/Kamjenc Каменц/Камјенц |
|
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија |
| Адм. подрач. | Дрезден |
| Округ | Бауцен |
| Месна заед. | Каменц-Шентајхен |
| Градоначалник | Роланд Данц |
| Основни податоци | |
| Површина | 53 km2 (20 sq mi) |
| Надм. височина | 173 m (568 ft) |
| Население | 18.009 (31 декември 2006) |
| - Густина | 340 /km2 (880 /sq mi) |
| Други информации | |
| Часовна зона | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | KM |
| Пошт. бр. | 01917 |
| Повик. бр. | 03578 |
| Мреж. место | www.kamenz.de |
| Местоположбата на град Каменц/Камјенц во рамките на округот Бауцен | |
Каменц (германски: Kamenz, горнолужички: Kamjenc) е град во Лужица (источна Саксонија), Германија. Сместен е во округот Бауцен и брои 18.243 жители. Се наоѓа 40 километри североисточно од Дрезден и околу 30 километри северозападно од Бауцен (Будишин).
Градот е родно место на познатиот драматург, философ и поет Готхолд Ефраим Лесинг (1729-1781).
Содржина |
[уреди] Историја
Кон крајот на XII век на местото на градот е изграден замок за крајпатната стража како обезбедување на древниот пат Вија Регија и реката Шварце Елстер. Ова бил важен трговски пат помеѓу Белгија и Шлезија.
Градот за прв пат е споменат во 1225, а во 1319 стекнал управна независност. Во 1346 Каменц и пет други града го склучиле т.н. „Сојуз на шест горнолужички града“ за да се заштитат од пљачкосувањата на околните вооружени чети. Во 1707 голем дел од стариот град е уништен во катастрофален пожар.
[уреди] Знаменитости
[уреди] Театри
- Градски театар (Stadttheater)
- Хутбершка сцена (Hutbergbühne Kamenz, на отворено, со капацитет до 10 000 гледачи)
[уреди] Музеи
- Музеј на Западна Лужица (Museum der Westlausitz)
- Лесингов музеј (Lessingmuseum)
[уреди] Објекти
- Градска куќа (изгр. 1848-1849) во неоренесансен италијански стил
- Андреината фонтана (Andreasbrunnen) на пазарниот плоштад
- Црвена кула, Калуѓерски ѕид (Mönchsmauer), Pichschuppen (делови од средновековниот градобран)
- Главна протестантска црква Св. Марија (изгр. 1275-1479 во доцноготски стил)
- соборна црква Св. Ана (1499)
- катехистичка црква (1358)
- споменик на Лесинг (местото кајшто се наоѓала родната куќа на Лесинг)
- Лесингов дом (Lessing-Haus)
[уреди] Настани
- Трка по планината Хутберг (Blütenlauf auf dem Hutberg)
- Лесингови денови (јануари и февруари)
- Ден на музиката (21 јуни)
- Шумски фестивал (Forstfest) седмицата на 24 август (Св. Апостол Вартоломеј)
- Фестивал на носот (Kamenzer Nasenfest) со т.н. „нос-пазар“ (3 октомври)
- карневал
[уреди] Наводи
Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост: „“. Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Каменц“ |
- Градски портал на Каменц (германски)
- Музеј на Западна Лужица (германски)
- Лесингов музеј (германски)