Адорф (Саксонија)
| Адорф (Саксонија) | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија |
| Адм. подрач. | Кемниц |
| Округ | Фогтланд |
| Градоначалник | Марихен Банг (CDU) |
| Основни податоци | |
| Површина | 43 км2 |
| Надм. височина | 444 м |
| Население | 5.251 (31 декември 2011)[1] |
| - Густина | 122 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | V |
| Пошт. бр. | 08626 |
| Повик. бр. | 037423 |
| Портал | http://www.adorf-vogtland.de/ |
| Местоположбата на градот Адорф (Саксонија) во рамките на округот Фогтланд | |
| Координати | |
Адорф (германски: Adorf) е мал град и општина во округот Фогтландкрајс во југозападниот дел на покраината Саксонија, Германија. Адорф може да се преведе како „А-село“, „А“ доаѓајќи од старогерманскиот збор за вода („Ahha“). Гетенгрин, село во рамките на општината, се граничи со Чешка.
Содржина |
Историја [уреди]
Адорф бил основан околу 1200. Во 1293 добил статус на „град“. Градските ѕидини биле изградени во 1477. Индустријата започнала да се развива благодарение на неговата местоположба и сообраќајните врски: занаетчиството, предење, ткаење, филигранска работа со бисери и правење на музички инструменти. Јоханискирхе била изградена во 1498. Градот бил уништен во пожар во 1768. Фрајбергер Тор, последната останата градска порта во Фогтланд, била повторно изградена во 1768 и 1773 од дрвена рамнка на горниот кат. Моменталниот Ратхаус бил изграден во 1896 - период кога биле изградени многу значајни куќи на улиците околу плоштадот. [2]
Географија [уреди]
Адорф се наоѓа на Елстергебирге, нископланински масив, дел од Рудните Планини. Најниската точка во Адорф е во Реберсројт (415 м) и највисоката точка е на „Хоер Штајн“ („висок камен“) близу Гетенгрин (632,9 м).
Градот Адорф се наоѓа на вливот на Вајсе Елстер и Шварцбах. Овие реки се наоѓаат во длабока долина во облик на латиничната буква „V“. Долж Вајсе Елстер се наоѓа сојузниот автопат Б92 и железничката линија Фогтландбан, која ги поврзува Плауен со Хеб (Егер) во Чешка и на крајот со Пилзен, Минхен и Прага.
Шварцбах извира од Високи камен. Долж неа се наоѓа сојузниот автопат Б283 и железничката линија која ги поврзува Маркнојкирхен, Клингентал и потоа Цвота и Цвикау.
Во градот влегуваат и селата: Арнсгрин, Ремтенгрин, Хермсгрин, Реберсројт, Лојбета, Фрајберг, Југелсбург и Зорге.
Адорф се граничи со Бад Елстер, Ајхигт, Маркнојкирхен, Милентал и Чешка.
Население [уреди]
|
|
|
Места на интерес [уреди]
„Фрајбергер Тор“ (Freiberger Tor) е единствената зачувана градска порта во Фогтланд, во која се наоѓа музеј со најголемата изложба на бисери во Германија. Адорф го има најдолгиот плоштад во Фогтландкрајс - 231 метар. Постои воен споменик за војниците кои биле убиените во текот на Првата светска војна и меморијална плоча за тројцата граѓани кои загинале во текот на германско-француската војна 1870/71. Јохан Волфганг Гете ја поминал ноќта помеѓу трети и четврти јули 1795 во стариот градски хотел.
Близу градот е „Miniaturschauanlage Klein-Vogtland“, туристичка атракција со модели на 50 градби во округот Фогтландкрајс, направени во размер 1:25. Неговата ботаничка градина, Ботаничката градина Адорф, содржи над 11.000 растенија од високите планини низ целиот свет.
Наводи [уреди]
- ↑ „Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen – Bevölkerung des Freistaates Sachsen jeweils am Monatsende ausgewählter Berichtsmonate nach Gemeinden“ (на германски). „Статистичко биро на Саксонија“. 19 јуни 2012. http://www.statistik.sachsen.de/download/010_GB-Bev/Bev_Gemeinde.pdf.
- ↑ Topographische Karte, 1:25 000 Blatt 6, Elstergebirge, pub Landesvermessungsamt Sachsen, 1997.
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||