Анаберг бил поранешен округ во Саксонија, Германија. Се граничел со (од југ надесно) Чешка и окрузите Ауе-Шварценберг, Штолберг и Митлерер Ерцгебиргскрајс. Бои на округот биле розева, зелена и сина.
Историја [уреди]
Во Средниот Век, Рудните Планини биле речиси ненаселени и покриени со густи шуми. Градовите Анаберг и Бухолц (споени во 1945 да го создадат Анаберг-Бухолц) биле основани на крајот на 16-от век, поради откривањето на рудите сребро и калај. Па така, луѓето од саксонските низини се преселиле во планините и основале многу мали градови и села.
Округот Анаберг бил основан во 1874.
Округот Анаберг станал дел од новиот округ Ерцгебиргскрајс на 1 август 2008. Округот Ерцгебиргскрајс се состои од поранешните окрузи Анаберг, Штолберг, Ауе-Шварценберг и Митлерер Ерцгебиргскрајс.
Географија [уреди]
Округот се наоѓа во западниот дел на Рудните Планини на чешко-германската граница. Се простира од високите планини на самата граница до ниските ридови на север. Градот Обервизентал е највисокиот град во Германија. Се наоѓа на падините на Фихтелберг, вториот највисок врв на Рудните Планини, на 1.214 метри.
 |
Грбот прикажува:
- Горе лево: грбот на грофството Шенбург-Валденбург
- Средина лево: грбот на грофството Вербен
- Долу лево: грбот на грофството Волкенштајн; оваа фамилија како и двете гореспоменати династии имале поседи во овој дел на Рудните Планини во текот на доцниот Среден Век
- Десно: лавот било хералдичко животно на грофство Мајсен, претходникот на Саксонија; во овие грбови лавот држи рударска алатка со неговите предни нозе, симбилирајќи ја рударската традиција на Рудните Планини
|
Градови и општини [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
|
|
| Урбани окрузи |
|
|
| Рурални окрузи |
|
|
| Поранешни урбани окрузи |
|
|
| Поранешни рурални окрузи |
|
|
|
Градови и општини во Анаберг
|
|
|
|
|
|
50.58, 13