Вајсериц (германски: Weißeritzkreis) е поранешен округ (Kreis) во јужниот дел на Саксонија, Германија. Соседни окрузи биле (од запад во насока на стрелките на часовникот) Фрајберг, Мајсен, урбаниот округ Дрезден, Саксонска Швајцарија и на југ се граничи со Чешка.
Историја [уреди]
Округот бил основан во 199, кога двата некогашни окрузи Диполдисвалде и Фрајтал се споиле. Во август 2008, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Саксонска Швајцарија и Вајсериц се споиле во новиот округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини.
Географија [уреди]
Округот се наоѓа на Рудните Планини, средишен дел е Тарантската шума. Округот го добил неговото име по двете реки Вилде Вајсериц и Роте Вајсериц, кои се спојуваат близу Фрајтал во реката Вајсериц, која потоа се влива во Елба во Дрезден. Највисока точка е Калеберг на 905 метри надморска височина.
Во текот на поплавите во август 2002, реката Вајсериц надошла со повеќекратно количество вода од вообичаеното и уништила многу згради, куќи, улици и мостови низ речната долина.
Партнерства [уреди]
- Ротвајл
- Берхтесгаденер Ланд
- Гетинген
- Цолерналбкрајс
 |
Сините линии ја симболизираат реката Вајсериц и нејзиното обединување со реките Вилде Вајсериц и Роте Вајсериц. Рударскиот симбол долу ја претставува старата рударска традиција во Рудните Планини. Дрвото ги претставува големите шумски подрачја во округот и лавор десно е симбол на Мајсен, бидејќи областа историси припаѓала на грофството Мајсен. |
Градови и општини [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
|
|
| Урбани окрузи |
|
|
| Рурални окрузи |
|
|
| Поранешни урбани окрузи |
|
|
| Поранешни рурални окрузи |
|
|
|
Градови и општини во Вајсериц
|
|
|
|
|
|