Вајсериц

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(Обединета) Вајсериц
(Vereinigte) Weißeritz

Вајсериц низ Дрезден.
Извор спојување на Вилде Вајсериц и Роте Вајсериц
Утока Елба
51°03′48″ СГШ 13°41′12″ ИГД / 
Земји во сливот Германија
Должина 12 км (61 км вкл. Вилде Вајсериц)
Надм. вис. на изворот 188 м

Вајсериц (германски: Weißeritz) е река во Саксонија. Кратката лева притока на Елба од 12 километри тече низ Фрајтал и Дрезден. Нејзиното име потекнува од словенскиот збор bystrica (дива вода). Официјалното име на реката користено во документи и хидрографски карти е Vereinigte Weißeritz (Обединета Вајсериц). Највисока точка на водите на Вајсериц е на околу 800 метри надморска височина.

Реката се создава со спојување на реките Вилде Вајсериц и Роте Вајсериц во Фрајтал. Иако Вилде Вајсериц е подолга притока, сливовите на двете реки Вајсериц се скоро исти во површина (162,7 км² и 161,2 км²).

Вајсериц поминува низ длабоката долина Plauenscher Grund помеѓу Фрајтал и Дрезден и влегува во Дрезденската долина. Железничката линија од Дрезден до Нирнберг поминува веднаш до реката низ оваа долина. Реката е изместена во Дрезден од нејзиното поранешно речно корито, поради опасност од поплави и затоа е канализирана.

Опасност од поплави на Вајсериц во стариот град на Дрезден

Вајсериц предизвикала тешки оштетувања во текот на Европските поплави во 2002 година во Дрезден и Фрајтал. Реката достигнала до Главната железничка станица во Дрезден, како и до Цвингер и поплавила некои окрузи во самиот град. Поради високиот пад на реката од 188 метри на 106 метри во Дрезден, некои куќи биле целосно уништени во овие поплави. Реката го напушти нејзиниот канализиран дел близу стариот дел на градор и низ нејзиното старо речно корито се влива во реката Елба.

Поврзано[уреди]