Каменц (германски: Kamenz, горнолужички: Kamjenc) бил округ (Kreis) во североисточниот дел на Саксонија, Германија. Соседни окрузи се (од север во правец на стрелките на часовникот) Обершпревалд-Лаузиц, Шпре-Ниса, Нидершлезишер Оберлаузицкрајс, Бауцен - Bautzen, Budyšin, Зексише Швајц, слободниот град Дрезден - Dresden, Drježdźany и окрузите Мајсен и Риза-Гросенхајн. Слободниот град Хојерсверда бил целосно опкружен од округот.
[уреди] Историја
Округот бил создаден во 1994 од претходниот округ Каменц, северните делови на округот Дрезден-Ланд, околу Радеберг и округот Хојерсверда, освен градот Хојерсверда, кој станал слободен град. Од 1994 до 1996 бил наречен Westlausitz - Dresdner Land, но бил преименуван потоа повторно во Каменц. Во август 2008, округот Каменц и Хојерсверда биле припоени кон округот Бауцен.
[уреди] Географија
Две поголеми реки во округот се Шпре и Шварце Елстер.
[уреди] Партнерства
Од 14 декември 1990, округот има партнерство со округот Алцај-Вормс во Рајнска област-Пфалц.
 |
Боите на грбот се оние од Горна Лужица. Црното крило на десната страна е симбол на грофовите од Каменц. Листот од липа на врвот на левата половина стои за лужичкосрпското малцинство. Разбрануваната линија долу ги симболизира трите реки, Редер, Елстер и Шпре. Трите прстени долу го симболизира обединување на претходните окрузи. |
[уреди] Градови и општини
[уреди] Надворешни врски
Урбани и рурални окрузи во Слободната Држава Саксонија во Германија  |
|
| Урбани окрузи |
|
|
| Рурални окрузи |
|
|
| Поранешни урбани окрузи |
|
|
| Поранешни рурални окрузи |
|
|
Шаблон:Градови во Каменц (округ)