Шпре

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шпре/Шпревја/Шпрева

Шпре во Берлин, поглед источно од Фридрихштрасе.
Извор Горна Лужица
Утока Хафел
52°32′10″ СГШ 13°12′31″ ИГД / 
Земји во сливот Чешка, Германија
Должина ±400 км
Прос. истек 36 м³/с
Сливно подрачје 10.105 км²

Шпре (германски: Spree, лужички: Sprjewja, чешки: Spréva) е река, која тече низ Саксонија, Бранденбург и Берлин, покраини на Германија и во Устечкиот регион на Чешка. Таа е лева притока на реката Хафел и околу е 400 км во должина.

Должината на реката помеѓу Демерицзе и Мигелзе во источниот дел на Берлин е позната како Мигелшпре.

Тек[уреди]

Текот на Шпре

Изворот на Шпре се наоѓа во Нојгерсдорф, Германија во Лужичките Висорамнини (Lausitzer Bergland), близу границата со Чешка. Тече низ самата гранична линија на кратка должина кај две точки (близу Еберсбах и Опах) пред да ги напушти ридовите и да помине низ стариот град Бауцен/Будишин, центар на Лужичките Срби во Горна Лужица. Веднаш на север од Бауцен, реката тече низ вештачкото езеро Бауцен. Посеверно, реката тече низ градот Шпремберг и вештачкото езеро Шпремберг пред да стигне во градот Котбус. На север од Котбус, реката влегува во Шпревалд, голема мочуришна област во Долна Лужица.

Во Шпревалд реката поминува низ градовите Либенау, Либен и Лајбш. Веднаш под Лајбш, помошниот канал за поплави Даме ги пренасочува водите од Шпре да течат во реката Даме кај Меркиш Бухолц. Шпре продолжува кон север од Лајбш пред да се влее во Нојндорфер Зе на северниот дел од Шпревалд. Од Нојндорфер Зе, потоа тече кон исток во Швилохзе, а потоа во северна и западна насока кон градот Фирстенвалде. Од Фирстенвалде, реката продолжува да тече кон запад, низ Демерицзе и Мигелзе, до Кепеник во југоисточниот дел на Берлин, каде што се спојува со својата притока, реката Даме.[1]

Конечниот дофат на Шпре е таму каде што е најмногу позната. Тече низ центарот на градот Берлин, каде се придружува на реката Хафел во Шпандау, еден од западните окрузи на Берлин. На нејзината рута низ Берлин, реката ја поминува Берлинската катедрала (Berliner Dom), Рајхстагот и дворецот Шарлотенбург. Познатиот Музејски Остров (Museumsinsel), со неговите збирки во петте важни музеи, всушност е остров во Шпре. Badeschiff е подвижен базен закотвен во Шпре.[1][2]

Навигација[уреди]

Многу мали пловни објекти, како што се чуновите се широко користено во мочуричните области на Шпревалд. Поголеми пловни објекти може да се сретнат низводно од Лајбш, иако горните текови се релативно плитки и генерално се користат единствено од рекреациски пловила. Некои средни текови се непловни и затоа се потпомогнати со канали.[1]

На делот од околу 20 километри источно и пред да помине низ Фирстенвалде, реката создава дел од Каналот Одра-Шпре. На овој дел, и на делот западно од устието со реката Даме кај Кепеник, реката создава дел од втората комерцијална врска помеѓу Берлин и реката Одра и така со Полска.[1] Каналот се дели од Шпре источно од Фирстенвалде и подоцна се приклучува на реката Даме кај езерото Зединзе.

Во Берлин, Шпре формира дел од густата мрежа на пловни водни патишта од кои многу се вештачки и кои обезбедуваат широк избор на рути. Неколку важни комерцијални пристаништа може да се најдат на оваа мрежа, како и реморкери и сплавови со песок, жито, тули и пиво. Туристичките бродови се движат низ Шпре и нејзините соседни водени патишта многу често.[1][3]

Етимологија[уреди]

Името на реката Шпре било евидентирано од Титмар од Мерзебург како Sprewa (средногермански: sprejen, sprewen, високогермански: sprühen означувајќи вода за прскање). Луѓето кои живееле долж реката Шпре (Anwohner) биле нарекува на старогермански (и сè уште се нарекувани) Spreewaner.

Реката го дала своето име на неколку германски окрузи:

Берлински ѕид[уреди]

Многу луѓе умреле во Шпре, додека се обидувале да го поминат Берлинскиот ѕид, вклучувајќи деца кои се удавиле, бидејќи на спасувачите не им било дозволено да влезат во реката, за да ги спасат.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Шефилд, Бери (1995). „Внатрешни водени патишта во Германија“. Сент Ив, Кембриџшир: Imray Laurie Norie & Wilson. стр. 113–122. ISBN 0 85288 283 1. 
  2. Џејмс, Кајл. „Базен со поглед“. Deutsche Welle. http://www.dw-world.de/dw/article/0,2144,1302942,00.html. конс. 15 мај 2010. 
  3. Гатроп, Џон; Вилијамс, Кристијан (2008). „Водиш низ Берлин“. Лондон- Њујорк -Делхи: Rough Guides. стр. 28–29. ISBN 978-1-85828-382-1. 

Надворешни врски[уреди]