Шварце Елстер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шварце Елстер
Schwarze Elster
Schwarze Elster Boot 0912 d3.jpg
Шварце Елстер во Елстерверда
Место Саксонија, Бранденбург, Саксонија-Анхалт (Германија)
Должина 179 км [1]
Извор Кај Киндиш (Саксонија) на Купе
51°06′13.32″ СГШ 14°44′38.4″ ИГД / 51.1037, 14.744
Висина на изворот 317 м над мор. ниво
Утока Елба, јужно од Елстер (Саксонија-Анхалт)
51°48′58.15″ СГШ 12°49′56.69″ ИГД / 51.816154, 12.832414
Висина на утоката 69 м над мор. ниво
Спуст 248 м
Слив Елба
Одлив Елба → Северно Море
Слив 5.705 км² [1]
Истек
со Лебен мерило[2]
Рекордно низок:     1,71 м³/С (во 26.07.2006)
Просечен низок:    5,71 м³/с
Просечен среден:   18,1 м³/с
Просечен висок: 68,2 м³/с
Рекордно висок:   128 м³/с (во 16.01.2011)
Десни притоки Хојерсвердаер Шварцвасер, Клајне Елстер, Швајницер Флис
Леви притоки Пулсниц, Гросе Редер
Помали градови Хојерсверда, Зенфтенберг
Паланки Елстра, Каменц, Витихенау, Руланд, Елстерверда, Бад Либенверда, Херцберг, Јесен

Шварце Елстер[3][4][5] или Црн Елстер (германски: Schwarze Elster, горнолужички: Čorny Halštrow) е 179 километри долга река во источна Германија, во покраините Саксонија, Бранденбург и Саксонија-Анхалт, десна притока на Елба. Нејзиниот извор е во областа Горна Лужица, близу Елстра.

Шварце Елстер тече низ градовите Каменц, Хојерсверда, Зенфтенберг, Лаухамер, Елстерверда, Бад Либенверда, Херцберг и Јесен. Се влива во реката Елба кај Елстер (Елба), спротивно од течението на реката од Витенберг.

Географија[уреди]

Реката извира од Лужичките Висорамнини (Горна Лужица) околу 1,5 километри јужно од селото Киндиш во округот Елстра на источниот дел на 396 метри високиот Купе, полуврв на Хохштајн. Оттука, Шварце Елстер првично тече кон север низ Елстра, Каменц, Милстрих и Витихенау, од Хојерсверда тече кон запад до Елстерхајде. Потоа низводно, по 63 километри, ја сече границата на Саксонија и Бранденбург и тече низ Зенфтенберг, Руланд и Лаухамер до Елстерверда. Оттука, тече кон северозапад низ Бад Либенверда, Херцберг и Јесен пред да се влее во Елба во општината Елстер (Елба) (на 198,5 километар).

Најважни притоки на Шварце Елстер се Хојерсвердаер Шварцвасер, Пулсниц, Гросе Редер, Клајне Елстер и Швајницер Флис.

Притоки[уреди]

Леви притоки Десни притоки
  • Кеселвасер, пред Елстра на 197 м
  • Лангес Васер, во Каменц на 177 м
  • Швосдорфер Васер, близу Шидел на 144 м
  • Рокницграбен, близу Скаска на 138 м
  • Косаксграбен, близу Нојвизе на 114 м
  • Шлајхграбен, близу Гроскошен на 103 м
  • Руландер Шварцвасер, близу Руланд на 95 м
  • Зиграбен, по Руланд на 94 м
  • Пулсниц, близу Елстерверда на 88,5 м
  • Гросе Редер, близу Хајда на 87 м
  • Алте Редер, близу Пришка на 86,7 м
  • Клајне Редер, близу Бад Либенверда на 86,3 м
  • Нојграбен, близу Грабо на 71 м

Историја[уреди]

Фелдмаршалот Блихер ја преминал реката Елба близу нејзиното вливање со Шварце Елстер на 3 октомври 1813 на неговиот марш кон Лајпциг.[6]

Поврзано[уреди]

References[уреди]

  1. 1,0 1,1 Gewaessersteckbrief-Elbe, Plan Hochwasservorsorge Dresden, 2010 Auf: dresden.de (pdf; 8,3 MB)
  2. Pegel: Löben Auf: hochwasservorhersage.sachsen-anhalt.de
  3. Saxony at 1911 Britannica Encyclopedia.
  4. Elbe River Basin by the International Commission for the Protection of the Elbe River.
  5. Elbe at waterwiki.net.
  6. Џорџ Врајт (1836). A New and Comprehensive Gazetteer, Volume 3, p. 78.