Ломач (германски: Lommatzsch) е општина во округот Мајсен, во Саксонија, Германија.
Географија [уреди]
Ломач се наоѓа среде т.н. Lommatzscher Pflege, област на земја која има висок квалитет на плодна почва и затоа главно се користи за земјоделство.
Градски единици [уреди]
Албертиц, Алтломач, Алтзател, Арнтиц, Бармениц, Бирмениц, Хуршиц, Даубниц. Деншиц, Дершиц, Граусвиц, Иковиц, Јесен, Клапендорф, Крепта, Лаучен, Лебшиц, Ломач, Маршиц, Меген, Неканиц, Палтчен, Печвиц, Писковиц, Питшиц, Појтиц, Прозиц, Рауба, Ројч, Шерау, Швохау, Зиглиц, Штригниц, Троген, Вахтниц, Вајченхајн, Вуниц, Цетхајн и Цшајлиц.
Историја [уреди]
Името на градот е изведено од западнословенското племе Гломаче (Daleminzier на германски), кои околу 800 година се населиле тука, околу светилиштето Glomuci, сега суво езеро северно од градот. Ломач во грофството Мајсен било првпат споменато во декрет од 1286. На 12 август 1330, грофот од династијата Ветин Фридрих Први ги отстапил на грофот од Мајсен правата за наплаќање даноци од граѓаните на Ломач. Градоначалник и совет биле спомнати во 1386, општинскиот закон од 1412 одредил да има градоначалник и 9 советници. Во 1423, Ломач со грофството Мајсен било припоено кон Електоратот Саксонија под водство на Ветин.
Моменталната парохиска црква Свети Венчеслав била градена од 1504 па натаму, три готски куполи биле поставени на градбата, како и наосот, кој бил дополнително додаден. Градот станал протестантски во 1539, кога Амброзиј Науман станал првиот евангелистички свештеник. Градското собрание во нејзината денешна големина била градена од 1550 до 1555, црквата Свети Венчеслав ја добила првата саат-кула во 1591. Во 1607 и 1611 градот бил сериозно зафатен од епидемијата на чума, оставајќи 1.350 мртви, по што следела уништувачката Триесетгодишна војна: Ломач бил запален во 1632 и повторно во 1645, откако електорот ги сменил страните. И покрај тоа, Саксонија брзо се опоравила по војната. Под водство на Фридрих Август I, бил поставен милјоказ за поштенските патишта на главниот плоштад.
| Датум |
Настани |
| 1814 |
Црквата добила нови оргули. |
| 1849 |
Излегол првиот весник предизвикан од револуцијата. |
| 1854 |
Бил изграден суд. |
| 1857 |
Бил основан Gewerbeverein. |
| 1859 |
Пуштање на главната училишна зграда. |
| 1865 |
Основање на доброволната противпожарна бригада. |
| 1873 |
Раздвојување на црквата и училиштето, па така сега постоеле две училишта. |
| 1878 |
Била изградена гимназија. |
| 1877 |
Била отворена железничката линија до Риза, а во 1880 до Носен. |
| 1909 |
Била отворена железничката линија на тесен колосек до Мајсен, а во 1911 до Дебелн. |
| крај на ВСВ |
Фронтот стигнал во Ломач. |
| 25. - 28. април 1945 |
Ломач бил освоен од советските војници. |
| 29. април - 5. мај |
Ломач повторно бил освоен од Германците. 36 луѓе од локалното население, кои биле прогласени странски шпиони, како и еден крадец (16-годишно момче), биле убиени пред црквата од СС. По падот на Берлин, СС го напуштила градот и повторно пристигнала Црвената армија. |
Почесни граѓани [уреди]
Градови и општини во округот Мајсен
|
|
|
|
|
|