Пегау (германски: Pegau) е град во округот Лајпциг, во Саксонија, Германија. Се наоѓа на плодна почва, близу реката Вајсе Елстер, 18 километри северозападно од Лајпциг.
Има две евангелистички цркви, таа на Свети Лоренс е со готска архитектура, градско собрание од 16-от век, многу стара болница и земјоделско училиште. Во 19-от век, нејзината индустрија се состоела од производство на железо, чизми и легури.
Пегау пораснал околу манастирот, основан во 1096, но не се појавил како град пред 12-от век. Овде биле одржувани пазари и неговиот развој бил поттикнат од неговата положба на главниот пат, кој водел од запад кон исток. Во манастирот, кој бил распуштен во 1539, биле создадени вредни хроники, Annales pegavienses, покривајќи го периодот од 1039 до 1227.
Надворешни врски [уреди]
Градови и општини во округот Лајпциг
|
|
|
|
|
|