Лужичка Ниса
| Лужичка Ниса | |
| Река | |
|
Ниса близу Скерберсдорф, во општината Краушвиц
|
|
| Земји | Чешка, Полска, Германија |
|---|---|
| Извор | Јицера Планини |
| - место | Нова Вес на Ниса, Либерецки крај, Чешка |
| - височина | 655 м |
| - координати | |
| Утока | Одра |
| - местоположба | Најсеминде, Бранденбург, Германија |
| - височина | 32 м |
| - координати | |
| Должина | 252 км |
| Слив | 4.297 км² |
| Истек | |
| - просечен | 30 м3/с |
Лужичка Ниса (чешки: Lužická Nisa; германски: Lausitzer Neiße; полски: Nysa Łużycka; лужички: Łužiska Nysa) е 252 километри долга река во Централна Европа.[1][2] Нејзиниот извор е во Јицера Планините близу Нова Вес на Ниса, Чешка, достигнувајќи на тромеѓето со Полска и Германија кај Цитау по поминати 54 километри и подоцна ја формира полско-германската граница во должина од 198 километри. Лужичка Ниса е лева притока на реката Одра, во која се влива помеѓу Најсеминде-Рацдорф и Косарзин, северно од градовите Губен и Губин.
Според Потсдамскиот договор од 1945, по Втората светска војна, реката станала дел од западната полска граница со Германија (Граница Одра-Ниса).
Содржина |
Име [уреди]
Бидејќи реката тече низ историскиот регион Лужица, придавката пред името на реката се користи за да се направи разлики од реки со слични називи во Полска, како што се Ниса Клодзка (Glatzer Neiße) и малата Ниса Шалона (Wütende Neiße или Jauersche Neiße) во Шлезија.
Градови [уреди]
Кај Бад Мускау, Ниса тече низ Паркот Мускау, светско културно наследство на УНЕСКО. Ова се следните градови низ кои поминува реката од изворот до устието:
- Јаблонец на Ниса, Чешка
- Вратиславице, Чешка
- Либерец, Чешка
- Крастава, Чешка
- Храдек на Ниса, Чешка
- Цитау, Германија
- Богатиња, Полска
- Герлиц, Германија; Згожелец, Полска
- Пенск, Полска
- Бад Мускау, Германија; Ленкница, Полска
- Форст (Лужица), Германија
- Губен, Германија; Губин, Полска
Притоки [уреди]
Десни:
Леви:
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Река НИса at www.britannica.com. Accessed on 4 Feb 2011.
- ↑ Транснационален речен слив на http://eagri.cz/public. Accessed on 4 Feb 2011.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Лужичка Ниса“ |