Бад Мускау

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бад Мускау/Мужако

Bad Muskau/Mužakow

Замок Мускау
Замок Мускау
Грб на Бад Мускау/Мужако
Бад Мускау/Мужако се наоѓа во Германија
Бад Мускау/Мужако
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Адм. подрач. Дрезден
Округ Герлиц
Општ. заед. Бад Мускау
Градски единици 3
Градоначалник Андреас Бендер
Основни податоци
Површина 15 км2
Надм. височина 110 м
Население 3.802 (31 декември 2011)[1]
 - Густина 253 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GR
Пошт. бр. 02953
Повик. бр. 035771
Портал www.badmuskau.de
Местоположбата на град Бад Мускау/Мужако во рамките на округот Герлиц
Карта
Координати 51°33′00″ СГШ 14°43′00″ ИГД / 

Бад Мускау (германски: Bad Muskau; порано Muskau, горнолужички: Mužakow, полски: Mużaków) е бањски град во историскиот регион Горна Лужица во Германија на граница со Полска. Припаѓа на округот Герлиц во покраината Саксонија.

Се наоѓа на Лужичка Ниса, која од 1945 ја формира германско-полската граница, директно спроти градот Ленкница (порано Лугкниц). Во градот се наоѓа западната половина од познатиот Парк Мускау, дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

Содржина

Историја [уреди]

Мускау бил основан во 13-от век, а првпат бил споменат во 1249. Државното грофство (Standesherrschaft) Мускау било најголемо во Светото римско царство. Припаѓало на грофството на Горна Лужица, земја на бохемиската круна, која од 1635 со Прашкиот мир преминала на електоратот Саксонија, а потоа на Кралството Саксонија во 1806. Поголемиот дел од Горна Лужица бил припоен од Прусија според Виенскиот конгрес во 1815 и бил администриран во рамките на провинцијата Шлезија.

До почетокот на 19-от век, директни владетели на Мускау биле грофовите Каленберг, наследени од 1845 од грофот (подоцна принц) Херман фон Пиклер-Мускау, подоцна од принцот Вилхелм Фридрих Карл фон Оранин-Насау, а потоа од грофовите фон Арним, сè до нивното бегство во април 1945. По Втората светска војна, бил поделен долж реката Ниса, помеѓу Источна Германија и НР Полска. Околу две третини од паркот преминал под полска администрација.

Во 1962, Мускау бил преименуван во „Бад Мускау“ откако била изградена неговата терапевтска бања.

Збратимени градови [уреди]

Луѓе [уреди]

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]