Лебау (германски: Löbau, горнолужички: Lubij) е град во источниот дел на Саксонија, Германија, во историскиот регион Горна Лужица. Се наоѓа помеѓу ридовите на Лебауер Берг и плодната почва на Горнолужичките Планини. Тој е порта во оваа вулканска планинска област и е наоѓа на половина пат помеѓу градови Бауцен, Герлиц и Цитау.
Градско собрание во Лебау.
Кула „Крал Фридрих-Август“
Историја [уреди]
Лебау бил првпат споменат во 1221 како „Oppidum Lubaw“. Во текот на Средниот Век, градот бил член на Лужичката лига, која се состоела од лужичките градови Бауцен, Герлиц, Каменц, Лаубан, Лебау и Цитау, која била основана во 1346.
Главни знаменитости [уреди]
Градското собрание е забележлива мешавина од неколку архитектонски стилови. Друга интересна градба е Villa Schminke од германскиот архитект Ханс Шароун, која потекнува од 1930-тите, но се истакнува со архитектура од 1950-тите. Сметана е за една од најдобрите дела на Шароун.
Кула Крал Фридрих Август над Лебауер Берг е знаменитост на Лебау; кулата направена од лиено железо била изградена во 1854 и е 28 метри висока. Таа е најголема железна кула во Европа и нуди извонредни глетки од Горнолужичките Планини.
Надворешни врски [уреди]
Градови и општини во округот Герлиц
|
|
|
|
|
|