Јонсдорф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јонсдорф
Jonsdorf vom Nonnenfelsen.JPG
Грб на Јонсдорф
Јонсдорф се наоѓа во Германија
Јонсдорф
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Герлиц
Општ. заед. Олберсдорф
Градоначалник Хорст Цимерман
Основни податоци
Површина 9,08 км2
Надм. височина 549 м
Население 1.627 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 179 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GR (порано: ZI)
Пошт. бр. 02796
Повик. бр. 035844
Портал www.jonsdorf.de
Местоположбата на Јонсдорф во рамките на округот Герлиц
Карта
Координати 50°51′10″ СГШ 14°42′10″ ИГД / 

Јонсдорф (германски: Jonsdorf) — општина во јужниот дел на округот Герлиц, во југоистокот на сојузната покраина Саксонија, Германија. Вгнездена е во долина на Цитауските Планини, дел од Лужичките Планини.

Историја[уреди]

Во 1539 Јонсдорф бил првпат споменат во документ, кој прикажува продавање на земја на нови десет доселеници од опатијата Ојбин. Во 1547 целата земја од Ојбин била продадена на градот Цитау од Максимилијан Втори.

Во 1580 Хиеронимус Рихтер го започнал ископувањето на песок внатре во карпите, во околината на Јонсдорф за производство на воденички камења. Неколку декади подоцна, во 1667, градскиот совет на Цитау одлучил да најде дополнителни наоѓалишта во округот помеѓу Јонсдорф и Валтерсдорф. Производството на воденички камења завршила во 1917.

Во следните години, двете села пораснале. По сечењето на шумата помеѓу новиот и стариот Јонсдорф во 1731, двата дела на селото биле споени. Изградбата на црквата во Јонсдорф започнала во истата година.

Како многу други села и градови во Горна Лужица, Јонсдорф започнал специјален вид на индустрија во 18-от и 19-от век - ткаење на лен. Првиот туристички развој во селото започнал во 1841, кога Карл Линке ги отворил првите објекти за лекување со студена вода (Kaltwasseranstalt), како и примена на хидротерапија. Бањскиот туризам станувал сè поважен и поважен во наредните години. Во 1890 била отворена железничка линија на тесен колосек помеѓу Цитау и Јонсдорф, со што помогнала селото да се развие.

По крајот на Втората светска војна и пристигнувањето на протераните Судетски Германци од Бохемија, се развиле определени програми за развој. Во 1984 се отворило новото училиште. Новите проекти по обединувањето на Германија ја унапредиле економската структура. Лекувалиште со лизгалиште било отворено во 1996, а во 2004 била отворена куќа на пеперутките (Schmetterlingshaus).

Знаменитости[уреди]

Најважни знаменитости на селото се планините и карпите, кои го опкружуваат селото, кои пак често имаат бизарни облици. Самото село нуди некои специјални институции за лекување исполнети со паркови. Исто така постојат и многу куќи во фахверк-стил (Umgebindehäuser), кои нудат прекрасни погледи со нивните шарени бои и цвеќиња кои ги опкружуваат.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]