Хернхут
| Хернхут | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија |
| Адм. подрач. | Дрезден |
| Округ | Герлиц |
| Градски единици | 11 |
| Градоначалник | Рајнер Фишер |
| Основни податоци | |
| Површина | 73,94 км2 |
| Надм. височина | 344 м |
| Население | 6.554 (31 декември 2011)[1] |
| - Густина | 89 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | GR |
| Пошт. бр. | 02747 |
| Повик. бр. | 035873 |
| Портал | www.herrnhut.de |
| Местоположбата на градот Хернхут во рамките на округот Герлиц | |
| Координати | |
Хернхут (германски: Herrnhut, горнолужички: Ochranow; чешки: Ochranov) е град во округот Герлиц, во Саксонија, Германија.
Има пристап на сојузниот автопат 178 и на железничката линија помеѓу Лебау и Цитау. Хернхут се наоѓа 10 километри југоисточно од Лебау, 15 километри северозападно од Цитау и 25 километри југозападно од Герлиц.
Содржина |
Градски единици [уреди]
Од 1 јануари 2013, кога е припоен Бертелсдорф, градот брои 11 единици:
- Хернхут (самиот град)
- Ниниве
- Руперсдорф
- Шван
- Фриденстал
- Штравалде
- Ојлдорф
- Гросхенерсдорф
- Хојшојне
- Нојндорф на Ајген
- Шенбрун
- Бертелсдорф
- Ренерсдорф
Население [уреди]
| Година | 1834 | 1871 | 1890 | 1910 | 1925 | 1939 | 1946 | 1950 | 1964 | 1990 | 2000 | 2010 |
| Население | 899 | 1.092 | 1.139 | 1.364 | 1.664 | 1.627 | 2.024 | 2.025 | 1.808 | 1.754 | 2.842 | 4.963 |
Во средината на 19 век, населението се искачило на над 1.000 жители и по Втората светска војна достигнало 2.000. Од 1950-тите се забележува постојано опаѓање на населението, кое е ублажено со припојувањето на соседните општини.[2]
Грб [уреди]
Неговите бои се сина и бела, покажувајќи ја кулата „Altan“ (стражарска кула) на ридот Хутберг над градот. Името на ридот (Стражарски рид) посочува на моравската населба основана од бегалците на имот на Цинцендорф во 1722. Herrn Hut означувало Будна грижа на грофот; жителите биле на стража за грофот, како и дека биле под негова заштита.
Култура [уреди]
Хернхут има црква и два музеи, вклучувајќи го музејот за локална историја. Градот е центар на познатата Моравска црква и Unitas Fratrum, на германски Brüder-Unität или Brüdergemeine. Поранешната железничка станица во Хернхут на укинатата железничка линија Цитау-Лебау била претворена во уметничка галерија.
Економија [уреди]
Економијата е заснована на црквената администрација, образованието, туризмот и производството, вклучувајќи го и производството на 26-краката ѕвезда, која често виси на прозорците и тремовите пред и по Божиќ, која се произведува повеќе од 150 години.
Галерија [уреди]
-
Vogtshof Herrnhut - седиште на Моравската црква
Наводи [уреди]
- ↑ „Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen – Bevölkerung des Freistaates Sachsen jeweils am Monatsende ausgewählter Berichtsmonate nach Gemeinden“ (на германски). „Статистичко биро на Саксонија“. 19 јуни 2012. http://www.statistik.sachsen.de/download/010_GB-Bev/Bev_Gemeinde.pdf.
- ↑ Digitales Historisches Ortsverzeichnis von Sachsen 14 април 2012
Надворешни врски [уреди]
Herrnhut на Википатување (англиски)
|
|||||||