Џевдет Хајредини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џевдет Хајредини
Министер за финансии
На должноста
4 септември 1992 – 20 декември 1994
Премиер Бранко Црвенковски
Претходник Методија Тошевски
Наследник Јане Миљовски
Лични податоци
Роден(а) 1939
Тетово
Партија ПДП
Установа Економски факултет
Професија економист
новинар

Џевдет Хајредини (роден во 1939 година во Тетово) — македонски политичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Хајредини завршил на Економскиот факултет на УКИМ. Работел како новинар во главниот косовски весник на албански јазикКоха Диторе“. Одделно работел и како политички аналитичар во домашни и меѓународни списанија и бил уредник на аналитичкото списание „Косова енд Болкан Обзервар“.

Џевдет Хајредини во периодот од 4 септември 1992 до 20 декември 1994 година бил Министер за финансии на Република Македонија. Во 2008 година станал претседател на коалицијата „Македонија без корупција“, во која влегле 18 невладини организации.

Претходник
Методија Тошевски
Министер за финансии
4 септември 1992 - 20 декември 1994
Наследник
Јане Миљовски