ХНК Риека: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: flagicon → знамеикона (39)
Makenzis (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 16: Ред 16:
| mgrtitle = Тренер |
| mgrtitle = Тренер |
| league = [[Прва фудбалска лига на Хрватска|Прва ХНЛ]] |
| league = [[Прва фудбалска лига на Хрватска|Прва ХНЛ]] |
| season = [[Прва фудбалска лига на Хрватска 2018-2019|2018–19]]
| season = [[Прва фудбалска лига на Хрватска 2019-2020|2019–20]]
| position = Прва ХНЛ, 2-ри
| position = Прва ХНЛ, 3.
| website = http://www.nk-rijeka.hr
| website = http://www.nk-rijeka.hr
| pattern_la1=_rijeka1718h
| pattern_la1=_rijeka1718h

Преработка од 16:56, 7 септември 2020

Риека
Целосно имеХрватски фудбалски клуб Риека
ПрекарРиечки Бели
Основан1946 (како Кварнер)
ЛокацијаРиека, Хрватска
СтадионСтадион Кантрида
Капацитет8,279
ПретседателХрватска Дамир Мишковиќ
ТренерХрватска Игор Бишчан
ЛигаПрва ХНЛ
2019–20Прва ХНЛ, 3.
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

ХНК Риека е хрватски фудбалски клуб од градот Риека. Тој е еден од најуспешните хрватски клубови по традицијата и значењето во хрватскиот фудбал.

Клубот е основан во 1946 како НК Кварнер. Досега Риека има освоено една титула шампион на Хрватска и 6 национални купа (2 Купа на Југославија и 2 Купа на Хрватска), и еден Балкански куп освоен 1978.

Својте домашни натпревари ги игра на Стадионот Кантрида. Најголем ривал им е сплитски Хајдук. Други ривали им се загребачки Динамо, пулска Истра и градскиот ривал, третолигашот Ориент.

Историја

Клубот Риека е формиран во 1946 година под името Кварнер. Основачи на клубот биле тогашните водечки спортски работници во градот: Драго Харапин, Едо Радети, Ренато Тих итн. Прв претседател во историјата на клубот бил др. Људевит Сошиќ, а прв тренер бил Ханс Блох. Првиот натпревар во својата историја, Риека го одиграла на домашен терен против сплитски Хајдук. Риека победила со резултат 2-0, а првиот гол во историјата на клубот го постигнал Риналдо Петронио. Под името Кварнер клубот се натпреварувал само до 1954 година кога го менува името во ФК Риека. Под ова име клубот ги остварува најголемите успеси во својата историја, кога стигнале до едно четвртфинале и едно осминафинале во европските натпреварувања. Во периодот на татковинската војна ФК Риека има мала промена на името во Хрватски Ногометни Клуб Риека (ХНК). Со тој потег Риека јасно заземала антијугословенски став и се декларирала како вистнски хрватски клуб. Клупска маскота е морското куче, популарно наречен пешекан.

Во ново формираната држава Хрватска, од 1991, Риека секогаш завршувала во врвот на табелата во ХНЛ. Посебно за истакнување се резултатите од сезоните 1998-99 и 2005-06 кога биле втори, а во сезоните 2003-04 и 2008-09 завршиле како трети.

Во сезоната 1998-99 во завршниот дел од првенството, скандалозното судење ја спречува Риека да дојде до својата прва титула во 1. ХНЛ. Во последните минути од последното коло во првенството против Осиек, на Риека и е поништен регуларен гол, со кој Риека би победила и би била шампион. Риека се борела за насловот уште и во сезоните 2005, и 2006 година во Хрватска, и неколку пати во Југославија. Риека е еден од трите најголеми клубови во Хрватска, што потврдува и податокот дека Риека константно игра во првата лига уште од 1974 година, како и четирите освоени национални купови и европски успеси.

Во сезоната 2004-05, Риека го имала најдобриот стрелец во Прва ХНЛ, Томислав Ерцег, со 17 голови. Леон Бенко исто така бил најдобар стрелец во лигата, но во сезоната 2012-13. Во лигата на поранешна Југославија најдобар стрелец бил Милан Радовиќ со 26 постигнати голови 1981 година.

Во текот на јануари 2012 договорено е италијанскиот стопанственик Габриеле Волпи, воедно и сопственик на фондацијата Social Sport, да превземе 70% од сопственичките акции во ФК Риека. Остатокот од 30 % од акциите останал во рацете на градот Риека (25%), односно малите акционери, навивачи (5%). Волпи е веќе сопственик на италијанскиот клуб Специја, која моментално се натпреварува во Серија Б, а исто така бил сопственик и на ватерполските клубови Про Реко и Приморје. Во сезоната 2016-2017, Риека конечно станала Шампион на Хрватска освојувајќи ја двојната круна во земјата, победувајќи во Прва ХНЛ и во Купот на Хрватска. Титулата била обезбедена со победата над Цибалија во претпоследното коло оставајќи го и математички зад себе најголемиот конкурент Динамо Загреб, а истиот загрепски клуб бил противник на риечките бели во финалето на Купот на Хрватска во кое Риека победила со 3-1 и стигнала до својата четврта титула во ова натпреварување.

Стадион

Стадион Кантрида

Стадионот Кантрида се наоѓа во западниот дел на Риека, на патот за Опатија. Овој стадион е единствен во светот по тоа што е сместн помеѓу карпите и морето, кое се наоѓа на околу 50 метри од самиот стадион. Популарната американска телевизиска куќа CNN во ноември 2011 го избрала Кантрида како еден од седумте најчудесни фудбалски стадиони во светот, што секако е големо признаније за навивачите на Риека. Стадионот Кантрида својте први денови ги бележи во 1913 година.

Играчи

Моментален состав

Обновено на 10 February 2019[1]
Бр. Позиција Играч
3 Хрватска ОД Петар Мамиќ
4 Хрватска ОД Роберто Пунчец
6 Хрватска СР Иван Лепињица
7 Босна и Херцеговина СР Зоран Квржиќ
8 Хрватска СР Тибор Халиловиќ
9 Бразил НП Хебер
11 Хрватска НП Матеј Вук
12 Хрватска ГМ Симон Слуга
13 Хрватска ОД Дарио Жупариќ
14 Гана СР Боаду Максвел Акости
16 Хрватска СР Адријан Либер
17 Хрватска НП Антонио Чолак
18 Хрватска НП Роберт Муриќ
19 Австрија ОД Марио Павелиќ
20 Австрија НП Александер Горгон
Бр. Позиција Играч
21 Хрватска НП Јаков Пуљиќ
22 Хрватска СР Денис Бушња
23 Хрватска НП Јосип Митровиќ
24 Хрватска СР Домагој Павичиќ
25 Хрватска ГМ Ивор Пандур
26 Португалија ОД Жоао Есковал
27 Хрватска ОД Иван Томачак
29 Црна Гора ОД Момчило Распоповиќ
31 Хрватска СР Лука Цапан
32 Хрватска ГМ Андреј Прскало
33 Македонија ОД Дарко Велковски
36 Хрватска ОД Хрвоје Смолчиќ
44 Босна и Херцеговина СР Стјепан Лончар
77 Македонија НП Милан Ристовски

Познти поранешни играчи

Македонски играчи

Шампионски екипи

Сезона Состав Тренер
2016-2017 Челиковиќ, Кулушиќ, Чанаџија, С. Ристовски, Томасов, Жута, Матеи, Чрниќ, Слуга, Жупариќ, Безјак, Митровиќ, Мочиниќ, Гаврановиќ, Елез,
Горгон, Аџаји, Шофранац, Андријашевиќ, Роши, Малеш, Мишиќ, Брадариќ, Вешовиќ, Прскало, Мартиќ, Ханџиќ.
Матјаж Кек

Титули

  • шампион (1) : 2016-2017
  • вицешампион (6): 1998-1999, 2005-2006, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018.
  • победник (4): 2005, 2006, 2014, 2017.
  • финалист (1): 1994.
  • победник' (1): 2014
  • финалист (2): 2005, 2006.
  • победник (2): 1978, 1979.
  • финалист (1): 1987.
  • победник (1): 1978.

Наводи

  1. „1. momčad“ (хрватски). HNK Rijeka. Посетено на 13 February 2018.

Надворешни врски