Леон Бенко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Леон Бенко
Leon Benko 2007.jpg
Лични податоци
Роден на 11 ноември 1983 (1983-11-11) (35 г.)
Роден во Вараждин, СФРЈ
Држава  Хрватска
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Вараждин
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2006 Вартекс 68 (18)
2006-2008 Нирнберг 10 (0)
2008-2009 Стандард 14 (1)
2009-2011 Кортрејк 32 (5)
2011-2012 Славен Белупо 27 (15)
2012 Ал Фајсали 9 (5)
2012-2014 Риека 50 (34)
2014 Даљен Аербин 9 (1)
2014-2016 Сараево 41 (27)
2016-2018 Олимпија Љубљана 49 (13)
2016-2018 Вараждин 12 (9)
Репрезентација
2003 Хрватска 20 2 (0)
2004-2005 Хрватска 21 17 (0)
2006- Хрватска 4 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 14 септември 2014.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Леон Бенко (хрватски: Leon Benko; р. 11 ноември 1983 година) — хрватски фудбалер, напаѓач на Вараждин.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Вартекс[уреди | уреди извор]

Бенко ја започнал својата кариера во екипата на Вартекс, на кој му се приклучил во 1991 година на возраст од 8 години. Во јули 2003 година потпишал професинален договор со клубот. Во својата втора сезона веќе станал еден од најважните играчи на клубот и помогнал Вартекс да се квалификува за Интертото купот.

Нирнберг[уреди | уреди извор]

На 23 мај 2006, Бенко потпишал три-годишен договор со германскиот Бундеслигаш, Нирнберг.[1] Своето деби во Бундеслигата го направил на 12 август 2006, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 86-тата минута на местото на Роберт Витек во победата со 3-0 над Штутгарт на гости.[2] Во својата прва сезона имал големи проблеми со повреди поради што одиграл само 9 натпревари (7 во првенството и 2 во купот) и сите влегувајќи како замена. Истотака поради повреда не бил во можност да игра во финалето на купот на Германија, кое неговите соиграчи го добиле со победа повторно над Штутгарт со 3-2.

Во втората сезона во клубот Бенко имал многу мала минутажа. Единствено за одбележување е неговиот прв и единствен погодок во дресот на Нирнберг, постигнат на 29 ноември 2007 во натпревар од Купот на УЕФА против рускиот Зенит што завршил 2-2.

Стандард[уреди | уреди извор]

На 4 август 2008, потпишал за белгискиот Стандард. Во својата единствена сезона во клубот страдал од повреда и одиграл само 14 првенствени натпревари на кој постигнал само еден гол.

Кортрејк[уреди | уреди извор]

Сезоната 2009-10 ја поминал во редовите на друг белгиски тим, Кортрејк.[3] На 32 првенствени натпревари постигнал 5 гола.

Славен Белупо[уреди | уреди извор]

На 29 јануари 2011 година, Бенко потпишал договор на една и пол година со Славен Белупо.[4] Во својот прв натпревар за Славен, тој постигнал гол во поразот со 2-1 од Сплит. До крајот на сезоната тој направил уште десет настапи за клубот и постигнал осум гола во процесот. Тој ја отворил новата сезона постигнувајќи гол против ФK Загреб во првото коло во јули 2011 година.[5] Тој постигна седум гола во хрватската прва лига и додал 3 асистенции до средината на сезоната, кога тој го напуштил клубот и заминал во екипата на Ал Фајсали во Саудиска Арабија.

Ал Фајсали[уреди | уреди извор]

Во Арабија започнал добро, постигнал 5 гола на 9 натпревари, но по завршувањето на сезоната одбил да ја продолжи соработката и се враќа назад во својата родна Хрватска.

Риека[уреди | уреди извор]

Пред почетокот на сезоната 2012-13, Бенко потпишал за екипата на Риека. Тој бил најдобар стрелец за сезоната во хрватската прва лига постигнувајќи 18 гола во 30 настапи.

Следната сезона 2013-14, Бенко постигнал многу важни голови за Риека во квалификациите за Лига Европа против Престатин Таун и Штутгарт. Риека стигнала до групната фаза во ова натпреварување, но во конкуренција со Реал Бетис, Лион и Виторија Гимараеш го зазема последното место. Бенко постигнал еден гол во групната фаза против Бетис на домашен терен.

Даљен Аербин[уреди | уреди извор]

На 24 февуари 2014, Бенко потпишал за кинескиот клуб Даљен Аербин. Своето деби за клубот го имал на 8 март на гостувањето против Хангжу Гринтаун во натпревар што завршил 1-1. Својот прв гол во Кина го постигнал на 22 март, во ремито 2-2 во гости против Хенан Џианје.[6]

После само три месеци во клубот го раскинал договорот поради неисплатени плати.[7]

Сараево[уреди | уреди извор]

На 12 септември 2014, како слободен играч потпишал договор со Сараево.

Титули[уреди | уреди извор]

Германија Нирнберг[уреди | уреди извор]

Белгија Стандард[уреди | уреди извор]

Хет-трик[уреди | уреди извор]

Својот прв и единствен хет-трик во кариерата Леон Бенко го забележал на 18 јули 2013 (на возраст од 29 години), постигнувајќи 3 гола во убедливата победа на Риека на домашен терен со 5-0 над Престатин Таун, велшкиот претставник во Лига Европа во сезоната 2013-14.

Натпревари во кој постигнал хет-трик[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бенко потпиша за Нирнберг“ (Croatian). Jutarnji list. 23 мај 2006. конс. 1 април 2012. 
  2. Штутгарт-Нирнберг 0-3
  3. „Leon Benko trekt naar KV Kortrijk“ (Dutch). belgiumsoccer.be. 
  4. Рупник, Борна. „Леон Бенко се врати во Хрваска“, „Sportnet.hr“, 30 јануари 2011 (посет. 2 март 2011 г). (на Croatian)
  5. Павлиќ, Антонија. „Сплит подобар од Копривчани“, „Sportnet.hr“, 26 февруари 2011 (посет. 2 март 2011 г). (на Croatian)
  6. Хенан Џианје-Даљен Аербин 2-2
  7. * http://www.novilist.hr/Sport/Nogomet/Leon-Benko-Nemam-se-namjeru-nikome-nuditi-u-Rijeci-sve-znaju

Надворешни врски[уреди | уреди извор]