Ведран Југовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хрватска Ведран Југовиќ
Лични податоци
Роден на 10 септември 1989 (1989-09-10) (30 г.)
Роден во Осиек, СФРЈ
Висина &100000000000001780000001,78 м[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Риека Риека
Број 89
Младинска кариера
Олимпија
Осиек
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2012 Осиек 101 (7)
2013- Риека 19 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Ведран Југовиќ (роден во Осиек, 10 септември 1989) е хрватски фудбалер, кој во моментов настапува за екипата на Риека на како играч од средниот ред.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Југовиќ е играч од средниот ред кој во ромб-формација може да ига квалитетно на било која позиција на средината на теренот. Одговорноста во играта го прави многу благодарен играч во одбранбени акции, а силниот шут со десната нога, брзината, дриблингот и читањето на играта, се квалитетите кој го прават опасен во нападот. Тој е типичен пример на модерен фудбалер од средниот ред таканаречен box-to-box midfielder, кој подеднакво добро ги одработува и напаѓачките и одбранбените задачи.

Кариера[уреди | уреди извор]

Својте прв фудбалски чекори ги направил во осиечкиот нисколигаш Олимпија, каде што играле фудбал и неговиот татко Владимир и братот Михаел. Веќе во раните играчки денови неговите квалитети ги препознале скаутите на Осиек кој во 2003 година го довел во својте редови. Ведран ја поминал сите кадетски (2004-2006) и јуниорски (од 2006 до 2008) категории на бело-сините, но и понатаму останал поврзан со својот матичен клуб Олимпија, каде ја поминал својата последна јуниорска година играјќи тогаш во 3 ХНЛ-исток. Своето деби за првиот тим на Осиек Југовиќ го направил на 3 август 2008 со штотуку наполнети 19 години против славонскиот ривал, Цибалија од Винковци. Во сезоната 2008-2009 забележал 24 настапи и една асистенција. На стартот на следната сезона, веќе во првото коло (25.07.2009) Југовиќ го постигнал својот прв гол во 1.ХНЛ откако ја затресол мрежата на Хајдук во натпревар на домашен терен што завршил 1-1. Таа сезона во 19 натпревари постигнал 6 гола и имал 4 асистенции. И во наредните три сезони бил редовен стартер за екипата на Осиек пред да го напушти тимот на 13 февруари 2013, и се преселил во редовите на Риека. Своето деби за новиот клуб го направил на домашен терен против Цибалија на 23 февруари. На 26 мај го постигнал првиот погодок за клубот во победата на гости против Загреб со 4-1.

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Сезона Клуб Лига Настапи Голови
2008-09 Осиек Прва ХНЛ 24 0
2009-10 Осиек Прва ХНЛ 27 6
2010-11 Осиек Прва ХНЛ 25 1
2011-12 Осиек Прва ХНЛ 14 0
2012-13 Осиек Прва ХНЛ 11 0
2012-13 Риека Прва ХНЛ 12 1
2013-14 Риека Прва ХНЛ 19 2

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]