Мавровско Езеро: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава uk:Мавровське озеро; менува sh:Mavrovsko jezero
LaaknorBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3rc2) (Робот: Додава zh:馬夫羅沃湖
Ред 53: Ред 53:
[[sh:Mavrovsko jezero]]
[[sh:Mavrovsko jezero]]
[[uk:Мавровське озеро]]
[[uk:Мавровське озеро]]
[[zh:馬夫羅沃湖]]

Преработка од 16:54, 5 март 2013

Предлошка:Инфокутија за езеро Мавровското Езеро се наоѓа во северозападниот дел на Р. Македонија. Се наоѓа на 1200м надморска височина меѓу шумовити и високи планини. На југ е заградено со шумовитата и тревна Влаиница, а на север со огранците на Шар Планина. Сè до 1947 година на местото на денешното езеро се наоѓала Мавровската котлина низ која течела Мавровската Река. Тогаш на реката на излезот од котлината и бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Така котлината започнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровското Езеро.

Мавровското Езеро на есен

Новосоздаденото езеро поплавило 1370 хектари земјиште претежно под ливади и акумулира околу 357 милиони м3 вода. Мавровското Езеро е долго 10 км, а широко од 5 до 3 км. Најголемата длабочина од 50м ја достигнува во близина на браната која е висока 54м, долга 210м и широка 5м. во основата браната е широка 286м и во неа се вградени 705 000 м3 материјал.

Денес езерото освен со помалите притоки со вода се полни и од реката Радика. Канализираните води на оваа река се користат за добивање електрична енергија и за наводнување. Во зимскиот период езерото замрзнува секоја година. Мавровското Езеро е порибено со пастрмка и со други риби, а околината му е богата со разновиден дивеч. Над езерото од сите страни се издигаат високи листопадни и иглолисни шуми, кои се огледуваат во бистрата езерска вода. Тие му даваат посебна убавина и изглед.

Надворешни врски

Предлошка:Никулец за езеро