Беровско Езеро: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 213.149.159.116) и вратена ревизијата 2533472 на Raso mk
LaaknorBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3rc2) (Робот: Додава zh:貝羅沃湖
Ред 66: Ред 66:
[[sr:Беровско језеро]]
[[sr:Беровско језеро]]
[[sh:Berovsko jezero]]
[[sh:Berovsko jezero]]
[[zh:貝羅沃湖]]

Преработка од 16:53, 5 март 2013

Предлошка:Инфокутија за езеро

Беровското или Ратевското езеро е вештачко езеро кое се наоѓа во Малешевијата непосредно до селото Ратево, односно градчето Берово чии имиња ги носи напоредно.

Географски карактеристики

Езерото се наоѓа во непосредна близина на Берово, односно на 7 km оддалеченост. Поради релативната висока надморска висина околу езерото температурите во лето во просек се движат од 23°С до 25°С, додека во ноќите температурата се спушта и до 12°С.

Туризам

Поради поволната местоположба. чистата и недопрена природа покрај езерото се изградени голем број на туристички капацитети. Најголем е туристичкиот комплекс "Малешево", потоа хотелот "Манастир", кој има 40 кревети, и во "Ловниот дом" во месноста Јуовец, кој располага само со десетина легла. Најнова градба е модерниот туристички комплекс на туристичката агенција "Аурора". Во атрактивните излетнички места Абланица и Суви Лаки може да се ноќева само во приватните вили и викендички.

Езерото во последно време преку проекти масовно го посетуваат организарани странски туристи[1].

Проекти и заштита

Поради големиот туристички развој на езерото од страна на локалната самоуправа Берово и владата на Република Македонија, обезбедена е проектна документација со која се дава техничко решение за прифаќање на фекални отпадни води со главен и секундарни колектори, како и техничко - технолошко решение за третман на отпадните води во пречистителна станица. Имено, покрај Беровското езеро постојат изградени или се планираат да се изградат викендички од кои фекалната канализација се пушта слободно да тече по површината и истата понирајќи стигнува до водите на Беровско езеро кои се користат за водоснабдување на Берово и околните села и за наводнување на земјоделски површини[2].

Галерија

Наводи

Надворешни врски

За езерото

Туризам