Порта Македонија
Порта Македонија | |
---|---|
Портата Македонија од јужната страна | |
Триумфална порта | |
Општи податоци | |
Вид | порта |
Стил | класицизам |
Место | Плоштад Пела |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Почната | 2010 |
Завршена | 2011 |
Отворена | 6 јануари 2012 |
Трошок за изградба | 4,4 млн евра |
Сопственик | Министерство за култура на РМ |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Валентина Стефановска |
Архит. биро | „Неимар инженеринг“ |
Порта „Македонија“ — споменик во облик на славолак (триумфална арка) кој се наоѓа на плоштадот Пела во Скопје. Прогласена е за културно наследство на Македонија со цел да се заштити. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект „Скопје 2014“ и свечено отворен на 6 јануари 2012 со говор на премиерот Никола Груевски каде тој се искажал како идеен творец на проектот.[1] Портата е пуштена во употреба со неколку месеци задоцнување по првичниот рок на 8 септември 2011 г. по повод 20 години од независноста на Македонија поради непредвидено продолжување на градежните работи.[2]
Портата е висока 21 м. Однадвор има релјефи на површина од 193 м2 што претставуваат разни настани и обележја од историјата на Македонија и нејзината култура, а во внатрешноста има галериски простор на две нивоа и продавница за сувенири. На горниот дел од Порта Македонија има платформа за набљудување со три дурбина, а до таму водат два лифта и две скалишта.[3]
Позната и како „Триумфална капија“, ова е дело на вајарката Валентина Стефановска, авторката на споменикот „Воин на коњ“. Објектот го извело градежното претпријатие „Гранит” по проект на „Неимар инженеринг“ со вкупен трошок од 4,4 милиони евра.[4]
Тематика
[уреди | уреди извор]Споменикот има 32 релјефа врз прилепски мермер „Сивец“ во длабока резба на кои се прикажани сцени од праисторијата преку наколната населба во Заливот на Коските, антиката со Александар Македонски, средниот век со сесловенските просветители Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, Цар Самоил и подоцнежните периоди со Крале Марко и Карпош, а XX век е претставен со Илинден, АСНОМ, Егзодусот од Егејска Македонија, па сè до прогласувањето на независноста на Македонија во 1991 г. Покрај историските сцени, страничните ѕидови се украсени со артефакти од народната материјална култура, како и четири бронзени статуи на аглите врз первазот.
-
Поглед од север
-
Поглед кон портата во зима
-
Портата навечер
-
„Порта Македонија“, изградена во османлиско време во чест на посетата на Султанот на Скопје. Се наоѓала кај старата железничка станица.
Наводи
[уреди | уреди извор]„Порта Македонија“ на Ризницата ? |
- ↑ Денеска промоција на „Порта Македонија“ - Канал 5 посет. 6 јануари 2012 г
- ↑ Македонија, Казахстан: Триумфални капии за прослава на 20 години независност - Global Voices на македонски посет. 1 април 2012 г
- ↑ „Порта Македонија за македонскиот триумф“. Архивирано од изворникот на 2012-09-05. Посетено на 21 септември 2011.
- ↑ „Финишира изградбата на Порта Македонија“. Посетено на 21 септември 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Статија за портата и галерија - build.mk
|