Археолошки музеј (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Археолошки музеј на Северна Македонија
Skopje Museum of Archaeology (tricolore flag).JPG
Зградата во која е сместен музејот
Основан1924
МестоСкопје, Македонија Македонија
Типнационален
Мреж. местоОфицијална страница

Археолошки музеј на Република Северна Македонија се наоѓа во Скопје, Македонија, на левиот брег од реката Вардар.

Историјат[уреди | уреди извор]

Првата археолошка збирка е формирана во 1920 година во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1924 година е организирана музејска институција, поточно, историско – археолошки музеј со лапидариум кој бил сместен во Куршумли ан.

Во текот на Втората светска војна, во Куршумли ан музејската институција егзистира како Народен музеј – Скопје, а по војната до 1963 година, седиште на Археолошки музеј била старата зграда од касарната на Скопско Кале. Во 1955 година била отворена постојаната поставка на камени споменици – лапидариум, сместена во адаптирана коњушница на Куршумли ан.

Во периодот по катастрофалниот земјотрес во Скопје, меѓу 1963 и 1977 година, Археолошкиот музеј бил сместен во бараките на Куршумли ан. Во 1976 година бил пуштен во употреба новиот музејски комплекс во кој бил сместен Археолошкиот музеј сè до 2014 година.

Во 2012 година, бил основан нов правен субјект, НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, како нова матична установа од областа на археологијата, а од 2014 година Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија е преселен во нови простории во центарот на Скопје.

Поставки[уреди | уреди извор]

Археолошкиот музеј презентира движно културно наследство, поточно околу 7.000 археолошки предмети откривани со археолошки истражувања на целата територија на Македонија во текот на изминатите 93 години, и претставува најзначајна и најстара музејска установа во Македонија. Артефактите се изложени во одделите за: праисториска археологија, античка археологија, средовековна археологија, нумизматика, антропологија и лапидариум. Голем број од предметите кои се дел од оваа институција се ексклузивни во светски размери. Постоечките закони за култура и заштита на културно наследство го регистрираат најголемиот дел на овој фонд како културно наследство од особено значење.

Во рамки на музејот има музејска продавница, како и библиотека. Библиотеката брои преку 6.000 книги, како и повеќе од 20.000 стручни и научни трудови од домашни и странски автори, ретки изданија, објавувани од почетокот на 20 век. Најстарото издание меѓу нив е од 1881 година.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]