Споменик на Гемиџиите (Скопје)
Изглед

Споменикот на Гемиџиите претставува монументален споменик во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и бил поставен на 27 јули 2010 година. Фигурите се изработени од бронза и се излеани во Фиренца, а поставувањето го вршат стручни тимови од италијанскиот град.[1] Автор на споменикот е уметникот Ангел Коруновски. Постаментот го изградил хрватски „Конструктор“, а надзорот бил на „Македонија проект“. Вкупната вредност на споменикот е 970.000 евра. Одлуката за поставување на овој споменик ја донел советот на општината Центар во јуни 2008 година.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]| „Споменик на Гемиџиите (Скопје)“ на Ризницата ? |
- ↑ „Поставување на скулптурата „Гемиџии"“. А1. 27 јули 2010. Посетено на 2011-08-05.
- ↑ „„Гемиџиите" пристигнаа на кејот“. Нова Македонија. 28 јули 2010. Посетено на 2011-08-05.
| Оваа статија споменик во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||