Воин на коњ (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Споменик „Воин на коњ“
Warrior on a horse.jpg
Други називиСпоменик на Александар Македонски
Општи податоци
Типспоменик, фонтана
МестоПлоштад Македонија
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Темелот удрен2010
Почната2010
Завршена2011
Отворена8 септември 2011
Трошок за изградба7,5 мил. евра
СопственикМинистерство за култура
Проектирање и изградба
АрхитектВалентина Каранфилова-Стевановска
Архит. бироФрединандо Маринели

Воин на коњ“ — споменик со фонтана на кралот Александар Македонски кој се наоѓа на плоштадот Македонија, во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и официјално бил отворен на 8 септември 2011 година, по повод дваесет години од прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Скулптурата е висока 14,5 метри, изработена од бронза и поставена на бетонски постамент висок 10 метри[1]. Под споменикот се наоѓа фонтана. Околу фонтаната се поставени осум војници од бронза кои се високи по три метри, како и осум лавови, високи по два и пол метри, од кои четири се свртени кон фонтаната. Од нивните усни тече вода. Останатите четири лавови се поставени на скалите и се во седечка, односно во чуварска положба. На столбот, постаментот на коњаникот, има три прстени со монтирани плочи на кои се претставени три битки. Меѓу нив има три прстени од бронза, со декорација и релјефни фигури. Од најгорниот прстен паѓа водена завеса, а нагоре се крева магла. Oд фонтаната свири музика.

Техничките процедури и активности околу поставувањето ги извршил стручен и професионален тим од Фрединандо Маринели од Фиренца, Италија, каде била изработена скулптурата.

Автор на делото е вајарката Валентина Стефановска.

Трошоци за изградба[уреди | уреди извор]

За изградба на објектот неофицијално биле потрошени околу 7,5 милиони евра[2].

Критики[уреди | уреди извор]

Веста за поставувањето на споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија наишла на критики од страна на македонската опозиција[3][4] и некои светски медиуми[5]. Сепак, најголем дел од критиките биле упатени од страна на Грција, за која поставувањето на споменикот претставувала провокација и крадење на грчката историја[6].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фонтаната „Воин на коњ“ пуштена во употреба
  2. „ПОСТАВЕН СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НАРЕЧЕН „ВОИН НА КОЊ“ ВО СКОПЈЕ“. www.trtmacedonian.com. конс. 20 септември 2011. 
  3. „daily.mk“. конс. 20 септември 2011. 
  4. „Беспредметни беа критиките на опозицијата за спомениците“. конс. 20 септември 2011. 
  5. „„Воинот на коњ“ во светските медиуми“. конс. 20 септември 2011. 
  6. „Грција испровоцирана од „Воинот на коњ““. конс. 20 септември 2011. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]