Споменик на Цар Самоил (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед кон споменикот

Споменикот на Цар Самоил претставува монументален мермерен споменик во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и бил поставен на 28 јуни 2011 година.[1]

Релјев од споменикот

Споменикот е изработен од бел мермер, висок е 5 метри, поставен на постамент исто така од бел мермер со висина од 3,5 метри. На постаментот има бронзени релјефи.[2] Споменикот се наоѓа на централниот плоштад во Скопје пред почетокот на улица „Македонија“. Автор на споменикот е Димитар Филиповски, а споменикот е изработен во уметничката галерија Пиетро Базанти е Фиљо и леарницата Фернандо Маринели од Фиренца, Италија и чинел 1,5 милион евра.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Поставен споменикот на Цар Самоил". А1. 28.06.2011 15:23. Посетено на 2011-07-31. Check date values in: |date= (help)
  2. "Споменикот на Цар Самоил стигна на плоштадот „Македонија"". Дневник. 28.06.2011, 11:11. Посетено на 2011-07-31. Check date values in: |date= (help)