Сончев Град

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сончев Град — предвидено населено место со проект според кој била планира изградба на елитна населба во Општина Сопиште, на јужните падини на планината Водно. Со Скопје било планирано населбата да биде поврзана преку пат и тунел под Водно.

Владата на Република Македонија планирала да продава градежно земјиште во Сопиште по пат на јавно наддавање на местото каде требало да се изгради населбата. Населбата требало да биде изградена во рок од четири години со комплетната инфраструктура.

На продажба биле 603 градежни парцели за домување, со површина од 560.000 м2, 11 парцели за терасести структури за домување со површина од 50.000 m2 и две градежни парцели за спортски терени.[1]

Но Уставниот суд на Република Македонија ја укинал одлуката за донесување урбанистички план за село Сопиште, локалитет „Сончев Град“, донесена од страна на Советот на Општината уште во февруари 2008 година. Судот утврдил дека согласноста од Министерството за транспорт и врски била дадена по одлуката, а не за предлог-планот, а нацрт-планот бил изработен пред да се издадат услови за планирање на просторот.[2]

Потекло на идејата[уреди | уреди извор]

Инвеститорот ќе имал обврска:

Почетна цена на јавното наддавање изнесувала 250 денари за м2.

Лицитација[уреди | уреди извор]

Одредени компании пројавиле интерес да учествуваат во изградата на Сончевиот град уште пред да биде објавен тендерот.

Лицитацијата се одржала на 14 мај, 2007.

Постигната цена[уреди | уреди извор]

За земјиштето со површина од 636.459 квадрати израелската инвеститорот требало да плати 3.640.000 евра.

Услови[уреди | уреди извор]

Населбата требало да биде изградена според највисоки стандарди и да обезбеди домување на околу шест илјади лица. Ќе се изграделе 603 семејни куќи, 11 згради и два спортски терена. „Сан Сити“ требало да ги уплати парите во рок од 15 дена, по што најдоцна за шест месеци требало да добие градежна дозвола. Населбата требало да биде завршена до крајот на 2011 година.

Во првата фаза било предвидено компанијата да изгради улици, јавно осветление, водовод, атмосферска и фекална канализација, телекомуникации, електрика и гасификација, а во втората фаза ќе ги градела објектите.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. www.365.com.mk, Сончев Град на Водно, пристапено на 8 мај 2010 г.
  2. Дневник, Уставен го укина Сончев Град, пристапено на 24 јуни 2010.