Матс Хумелс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Германија Матс Хумелс
Лични податоци
Роден на 16 декември 1988(1988-12-16)(35 г.)
Роден во Бершки Гладбах, Германија
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција централен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Број 5
Младинска кариера
Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2009 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 1 (0)
2008-2009Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 25 (1)
2009-2016 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 225 (19)
2016- 2019 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 74 (3)
2019- Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 31 (1)
Репрезентација
2010- Германија Германија 31 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 јануари 2012

Матс Јулијан Хумелс (р. 16 декември 1988 во Бершки Гладбах) — германски фудбалер, играч од одбраната на Борусија Дортмунд и на германската репрезентација.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Хумелс потекнува од младинската школа на Бајерн Минхен во која доаѓа на шест години. Првиот професионален договор со клубот го потпишува на 19 декември 2006. Во мај следната година, Хумелс дебитира за Бајерн во победата над Мајнц од 5-2 во последното коло од Бундеслигата за сезоната 2006-2007.

Во јануари 2008. Хумелс заминува на позајмица во Борусија Дортмунд. Таму добива многу повеќе шанса за настап и во целата полусезона е стандарден во централната одбранбена линија заедно со Невен Суботиќ. По година дена кога неговата позајмица истече, Борусија јасно се изрази дека сака да го задржи Хумелс во својте редови и во февруари 2009 го откупи неговиот договор за сума од 4 милиони евра.

Во текот на сезоната 2010-11 Хумелс беше важна алка во шампионскиот тим на Борусија Дортмунд кој успеа да стигне до насловот во Бундеслигата, и беше назанчен за еден од најдобрите дефанзивци во Европа. Следната сезона беше уште поуспешна за Матс кој со својот тим успеа да ја одбрани туитулата во Бундеслигата, но на тоа го придодаде и успехот во Купот на Германија, каде неговиот сегашен тим со 5-2 во финалето го прегази неговиот поранешен тим Бајерн Минхен. Хумелс го постигна вториот погодок од пенал во овој натпревар и во тој момент и даде предност на Борусија од 2-1 во 41-ата. минута.

На 3 јуни 2012. играчот потпишува нов договор со Борусија Дортмунд кој има важност до 2017. година.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

За сениорската репрезентација на Германија Хумелс го има своето деби во пријателски меч со Малта на 13 мај 2010. Во игра влегува како замена на полувремето на местото на Сердар Ташчи, а Германија победи со 3:0 во тој натпревар.

Селекторот на Германија Јоаким Лев го повика Матс Хумелс меѓу 23-цата репрезентативци за настап на Евро 2012. Хумелс е главен стопер на репрезентацијата и незаменлив таму и затоа играше на сите натпревари на репрезентацијата. Германија стигна до полуфиналето, но таму загуби од Италија с0 1-2.

Титули[уреди | уреди извор]

Германија Борусија Дортмунд[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]