Луј II

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Луј II од Франција)
Луј Пелтекот
Крал на Западна Франкија
Крунисување на Луј II (слика од 14 век)
На престол877–879
Крунисување8 октомври 877 во Компиењ
ПретходникКарло Ќелавиот
Роден(а)1 ноември 846(846-11-01)
Починал(а)10 април 879(879-04-10) (возр. 32)
Компиењ
Почивалиште
Опатија Сен-Корнеј, Компиењ, Франција
СопружнициАнсгарда Бургундска
Аделаида Париска
ДецаЛуј III од Франција
Карломан II
Хилдегарда од Франција
Гизела од Франција
Ерментруда од Франција
Карло Простиот
ДинастијаКаролинзи
ТаткоКарло Ќелавиот
МајкаЕрментруда Орлеанска

Луј II од Франција, познат и како Луј Пелтекот (француски: Louis le Bègue) (1 ноември 846 – 10 април 879) бил крал на Аквитанија, а подоцна и крал на Западна Франкија. Тој бил најстариот син на императорот Карло Ќелавиот и Ерментруда Орлеанска. Луј Пелтекот бил физички слаб и починал само две години по неговиот татко.

Тој го наследил неговиот помлад брат Карло Детето како владетел на Аквитанија во 866 и неговиот татко во Западна Франкија во 877, но никогаш не бил крунисан за цар. Во францускиот монархистички систем го сметаат за Луј II.

Луј бил крунисан за крал на 8 октомври 877 од страна на Хинкмар, архиепископот на Ремс, во Компиењ а по вторпат бил крунисан во август 878 од страна на папата Јован VIII во Троапри посетата на папата[1]. Папата можеби му ја понудил и царската круна, но таа била одбиена. Луј имал релативно мало влијание врз политиката. Го опишувале како "едноставен и мил човек, љубител на мирот, правдата и верата". Во 878 година, тој регионите на Барселона, Жирона и Бесалу на му ги дал Вилфред Влакнестиот. По второто крунисување, тој во Фурон блиску до Лиеж, склучил договор со неговиот братучед Лудвиг Саксонски [2] со кој се потврдила поделбата на Лотарингија кои ја направиле нивните татковци во 870 со Мерсенскиот договор.

Со нежно здравје, починал на 11 април 879, токму кога се подготвувал да тргне во воен поход за да го потчини Бернар Готски, грофот на Отен и Макон, кој се кренал на бунт против него[3].

По неговата смрт, кралството било поделено помеѓу неговите два сина, Карломан II и Луј III од Франција.

Семејство[уреди | уреди извор]

Монета од времето на Луј II

За време на мировните преговори помеѓу неговиот татко и Ериспое, војводата од Бретања, Луј бил верен со анонимна ќерка на Ериспое во 856 година[4]. Не е познато дали ова била истата ќерка со која подоцна се оженил Гуривант. Договорот бил поништен во 857 година, по убиството на Ериспое.

Луј двапати се женел. Неговата прва сопруга Ансгарда од Бургундија имала два сина: Луј (роден во 863) и Карломан (роден во 866), од кои и двајцата станале кралеви на Западна Франкија, и две ќерки: Хилдегарда (родена во 864) и Гизела (865-884).

Неговата втора сопруга Аделаида од Париз имала една ќерка, Ерментруда (875-914) и посмртен син, Карло Простиот, кој по смртта на неговите постари браќа ќе стане крал на Западна Франкија.

Поколение[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. John VIII, Pierre Riche, The Papacy: Gaius-Proxies, Vol. 2, ed. Philippe Levillain, (Routledge, 2002), 837.
  2. Pages 282 à 284 dans Histoire des Carolingiens (1862) de Léopold August Warnkönig, Pierre-Auguste-Florent Gérard.
  3. Claude Devic, Joseph Vaissète, Alexandre Du Mège, Histoire générale de Languedoc, J.B. Paya, 1840, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article322.
  4. Ferdinand Lot, La naissance de la France [archive], Librairie Arthème Fayard, Paris, 1948, p. 414.
Луј II
Роден(а): 1 ноември 846 Починал(а): 10 април 879
Претходник
Карло Детето
Крал на Аквитанија
866–877
Незаземено
Следен носител на титулата
Ранулф II
Претходник
Карло Ќелавиот
Крал на Неустрија
856–879
Наследник
Луј III
Крал на Западна Франкија
877–879
Наследник
Луј III и Карломан
Нова титула Гроф од Мео
862–877
Наследник
Теодеберт

Наводи[уреди | уреди извор]