Витмаршен
Витмаршен | ||
Манастирската црква во Витмаршен | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Грофовија Бентхајм | |
Месни единици | 6 | |
Градоначалник | Манфред Велен (ДХС) | |
Основни податоци | ||
Површина | 119,83 км2 | |
Надм. височина | 21 м | |
Население | 12.742 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 106 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | NOH | |
Пошт. бр. | 49835 | |
Повик. бр. | 05908, 05925, 05946 | |
Портал | www.wietmarschen.de | |
Местоположба на Витмаршен во рамките на округот Грофовија Бентхајм | ||
Координати | 52°31′59″N 7°07′59″E / 52.53306° СГШ; 7.13306° ИГД |
Витмаршен (германски: Wietmarschen) — општина во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Витмаршен се наоѓа во триаголникот на градовите Нордхорн, Линген и Мепен. Највисока точка на општината е Рупингберг во Лоне со 50 метри.
Соседни места
[уреди | уреди извор]Општината Витмаршен се граничи на север со следниве места во округот Емсланд: Твист, Гесте, Линген, Емсбирен. Во Грофовијата Бентхајм се граничи со следниве места: Енгден, Нордхорн, Остервалд и Георгсдорф.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината е составена од следниве единици:[2]
- Лоне (7.291 жител)
- Витмаршен (3.929 жители)
- Фихтенфелд (647 жители)
- Нордлоне (304 жители)
- Швартенпол (186 жители)
- Лонербрух (162 жители)
Најново место е Фихтенфелд, каде за време на Нацистичка Германија постоел камп Емсланд, во кој подоцна се населиле германските бегалци од Истокот. Најголемо место е Лоне, каде од 2008 година се наоѓа и новото општинско собрание. Во местото Витмаршен се наоѓа подрачно одделение на општинската управа.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Роднокрајниот музеј во Витмаршен
-
Музеј во Витмаршен
-
Кула во Витмаршен
-
Црквата „Св. Антонио“ во Лоне
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „FindCity – Gemeinde Wietmarschen – Bürgerinfo“. Посетено на 2018-07-30.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|