Прејди на содржината

Бигла

Координати: 41°57′26″N 22°40′28″E / 41.95722° СГШ; 22.67444° ИГД / 41.95722; 22.67444
Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења на поимот Бигла, видете на појаснителната страница
Бигла

Куќи во Бигла

Бигла во рамките на Македонија
Бигла
Местоположба на Бигла во Македонија
Бигла на карта

Карта

Координати 41°57′26″N 22°40′28″E / 41.95722° СГШ; 22.67444° ИГД / 41.95722; 22.67444
Регион  Источен
Општина  Делчево
Област Пијанец
Население 159 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09001
Надм. вис. 722-803 м
Бигла на општинската карта

Атарот на Бигла во рамките на општината
Бигла на Ризницата

Бигла — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Бигла се наоѓа на северозападните падини на планината Голак, во западниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Општина Виница. Селото е од разбиен тип и неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 722-803 м. Атарот на селото зафаќа мала површина од 32 км2. Од Делчево е оддалечено 14 км.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во почетокот на XX век, Бигла било македонско село во Кочанската каза на Отоманското Царство.

Во Првата балканска војна, од селото имало тројца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]

Во 1924 година, чета на ВМРО на чело со војводата Дончо Христов водела целодневна борба против српска потера.[4]

Вкупно 11 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција. Во селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.591,4 ха, на пасишта отпаѓаат 787,7 ха, а обработливото земјиште се простира на површина од 679,8 ха.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948754—    
1953844+11.9%
1961731−13.4%
1971677−7.4%
1981451−33.4%
ГодинаНас.±%
1991330−26.8%
1994343+3.9%
2002274−20.1%
2021159−42.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бигла имало 640 жители, од кои 600 Македонци и 40 Роми.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бигла имало 736 жители Македонци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото Бигла живееле 274 жители, од кои 272 Македонци и 2 Срби.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 159 жители, од кои 143 Македонци, 4 Албанци, 1 Србин и 11 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Бигла:[11]

Година Македонци Албанци Турци Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 754
1953 838 0 0 0 6 844
1961 721 4 6 0 0 731
1971 868 1 6 0 1 677
1981 448 0 0 1 2 451
1991 330 0 0 0 0 330
1994 343 0 0 0 0 343
2002 272 0 0 2 0 274
2021 143 4 0 1 0 11 159

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото

Во селото има основно училиште, амбуланта, фабрички погон, продавници и угостителски објекти.[2]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0604 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 218 гласачи.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 201 гласач.[14]

Културни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви[16]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 28.
  3. Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829.
  4. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 718.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 226.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 мај 2018.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994, 2002 и 2021 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС Архивирано на 3 февруари 2020 г..
  12. „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 22 мај 2018.
  13. „Локални избори 2017“. Посетено на 22 мај 2018.[мртва врска]
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. „Црква "Св. Великомаченик Ѓорѓи" во село Бигла“. destinationdelcevo.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-01. Посетено на 16 јули 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]