Исклучок претставуваат лексемите: мôсол, фôлит, фôл’нуват, каде што има само фонема ô.
Двофонемска вредност има и наместо самогласното л, коешто дало рефлекс ôл: бôлва, вôлк, вôлна, вôлнен, дôлк, жôлт, закôлнит, јабôлко, кôлк, кôлнит, мôлчит, пôлн, сôлѕа, сôнце (со загубено л)... Единствено исклучок се: Булгар, Булгарка.
Фонема ô, добиена со секундарна назализација на самогласката а, во одделни случаи: зôмба, мôменица, мôмит, мôштеа, зôек, јôготка...
Фонема а наместо секундарниот ер ъ2 пред сонантите р, н, л на крајот од зборот: ведар, ветар, итар, остар, но: свекор, оган, јаганица...
Континуантите ш(ш/ч), ж(џ) наместо старите групи *tj, *kt, *dj, коишто се јавуваат во поголем број: гореш, горешчина, гробишча, мôштеа, немошница, ништи, свешча, врашча; во морфемата за глаголскиот прилог: јадејши, косејши, кровејши, метејши, одејши, сечејши, цепејши...
Палаталните африкати ќ, ѓ наместо старите групи *tj, *kt, *dj се јавуваат во помал број: веќе, повеќе, вреќе, гаќи, домаќин, куќа, покуќнина, ноќ, ќа, ќерка, преѓе, туѓ...
Чување на палаталниот назал њ во коренот на зборот и во морфемите -ње и -иња: бања, вишња, дуња, свиња, корење, имање, орање, сирење, дечиња, ждребиња, јариња, магариња, полиња, черефчиња...
Звучниот африкат ѕ се јавува наместо з зад сонантите и пред множинските наставки -и и -е: бенѕин, вôрѕум, мôлѕит, сôлѕа, а звучниот африкат џ наместо ж зад сонантот л и пред деминутивната наставка -е:сполџај; ноџе, положе, шилеџе...
Замената на фонемата х во в(ф) на крајот од слогот: буф, вôрф, греф, граф, кожуф, меф, праф, сиромаф, збувнит; или нејзината загуба: тула, чели...
Дисимилација на мн во мл’: мл’огу.
Пазењето на согласните групи с(з) + ц,ч: гросче, масца, мосче, оресче, расцути, исчешл’ат, појасче, покрај преминот во ф: појафче, мефце.
Извршените разни видови асимилации: глето, глôбок, кнок, кночок, пцојса...
Метатеза кај зборовите: бајрак, гројзе, лојзе...
Вредноста чôр- од групата чрь- : чôрф, чôрви, чôрвосано, но: цôрвени, цôрн...
Изедначувањето на деклинациските типови кај именките од машки род што завршуваат на -о и -е: Марко, Митре, Маркое, Митрае; Марка, Митра.
Дативната форма на -е кај личните имиња од женски род: је рекоф Маре.
Генерализирањето на множинската фома -е кај именките од женски род на -а: бање, близначке, бомбе, бразде, вишње, боденице, бошке, браќе, главе, гајде, жене, жабе, жетве...
Множинска наставка -иња кај именките од среден род на -е: дечиња
Кратки множински заменки акузативни форми ни, ви: нас ни виде, вас ви виде...
Кратка заменска дативна форма за женски род (ј)е: је рекоф Милке.
Кратка заменска акузативна форма за женски род ја: ја видоф Мара.
Полна заменска дативна форма за женски род нејзе: нејзе е рече.
Показна заменска форма за машки род овја: овја чоек.
Показни заменски форми за среден род овеа, онеа: овеа дете, онеа дете.
Разложувањето на глаголската е-група. Освен глаголите чиј општ дел завршува на -и: виет, се миет, пиет, риет, сите други глаголи од е-група преминале главно во и-група: блеит, грејт, жнејт, лајт, пејт, сејт...