Лештенска Река
Лештенска Река Φαρασσηνό | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Драмско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Кушлар, граница со Бугарија |
• координати | 41°25′16″N 24°35′41″E / 41.4210° СГШ; 24.5947° ИГД |
Устие | |
• место | Места (Олско Езеро) |
• координати | 41°20′24″N 24°27′38″E / 41.3400° СГШ; 24.4606° ИГД |
Особености на сливот | |
Лештенска Река (грчки: Φαρασσηνό, Фарасино; старо: Λεστάν, Лестан) — река во Драмско, Егејска Македонија, лева притока на Места.[1][2][3]
Реката извира под името Гарване во југоисточните Родопи, југоисточно под врвот Бардаково (1.816 м) и источно од истоименото село Бардаково.[1][2] Реката тече на север и тука ја образува границата меѓу родопските делови Кушлар и Ардински. Западно од врвот Карапулево (гранична пирамида бр. 111) реката свртува на југозапад и веднаш ја прима големата десна притока Крушевска Река (Крушово Чај, Крушово Рема, Крусовитис) веднаш по камениот Крушевски мост. Проаѓа крај селото Лештен и ја прима големата десна притока Лаџа (Илиџе). Го сменува правецот на југ, ја прима левата притока Лакатина до Шејтан-мост и под името Шејтан Дере (Дјаволорема) се влева во Места, каде денес е изградена акумулацијата Олско Езеро.[1][2]
Во 1969 г. името на реката во горното течение е сменето од Лештен во Ано Аеторема (Άνω Άετόρρεμα), а во средното од Гарване во Аеторема (Άετόρρεμα).[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Lekáni GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
- ↑ „Ρέμα Φαρασινού – Φρακτό“. Ανεβαίνοντας εκδόσεις. 7 декември 2017. Посетено на 11 март 2023.
- ↑ „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 12. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 3): 21. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)