Хицакер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хицакер

Hitzacker

Поглед од ридот Вајнберг на градот
Поглед од ридот Вајнберг на градот
Грб на Хицакер
Хицакер is located in Германија
Хицакер
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Лихов-Даненберг
Општ. заед. Елбталауе
Градски единици 12
Градоначалник Холгер Мертинс (СлДП)
Основни податоци
Површина 58,44 км2
Надм. височина 12 м
Население 4.951 (31 декември 2018)[1]
 - Густина 85 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. DAN
Пошт. бр. 29456
Повик. бр. 05862, 05858 (Пусаде), 05861 (Кемен)
Портал www.hitzacker.de
Местоположба на градот Хицакер во рамките на округот Лихов-Даненберг
Карта
Координати 53°08′0″N 11°03′0″E / 53.13333° СГШ; 11.05000° ИГД / 53.13333; 11.05000Координати: 53°08′0″N 11°03′0″E / 53.13333° СГШ; 11.05000° ИГД / 53.13333; 11.05000

Хицакер (службено наречен: Хицакер (Елба); германски: Hitzacker) — помал град во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Елба, околу 8 километри северно од градот Даненберг и 45 километри источно од градот Линебург. Градот се наоѓа на германскиот пат на фахверкот.

Mеѓународно познатата библиотека „Херцог Август“ (денес сместена во Волфенбител) била основана во градот од страна на војводата Август Помладиот пред да биде преместена во 1643 година во замокот Волфенбител.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Хицакер се наоѓа на вливот на Јецел во Елба. Додека Елбхеен (исто така: Клеци), на чие југоисточно подножје се наоѓа Хицакер, природно припаѓа на Линебуршкото Поле, низинскиот дел на стариот град припаѓа на Елбталауе.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот Хицакер се состои од следниве дванаесет места:

Места
  • Барендорф
  • Грабау
  • Харлинген
  • Хицакер
  • Кемен
  • Нинведел (до 16 март 1936 г. познат како „Ниндорф“[2])
  • Пусаде
  • Зерау
  • Тисау
  • Тисмесланд
  • Вицеце
  • Вусзегел
Имоти
  • Децинген
  • Хаген
  • Лајтштаде
  • Марведел
  • Мојделфиц
  • Мојделфиц
  • Позаде
  • Зархем
  • Шмесау
  • Шмардау

Историја[уреди | уреди извор]

Градот за време на поплавата од Елба во 2006 година

Областа била населена уште околу 3000 години п.н.е. на Хицакерското Езеро. Оттогаш областа постојано била населена.

На ридот Вајнберг, веднаш до денешниот стар град (Altstadt), Словените изградиле замок во VIII век. Како последица на тоа, Хицакер станал важен трговски центар уште пред да ги добие своите градски права. Неговото точно основање како град било во 1258 година, додека во меѓувреме замокот ја изгубил важноста и почнал да пропаѓа.[3]

Во 1548 година, во градот избил огромен пожар и останала само црквата и една куќа.[4]

Во 1610 година, бројни луѓе во Хицакер и околината биле обвинети за магија.[5]

На третиот ден на Божиќ во 1668 година, црквата и осум куќи изгореле.[6]

На полапскиот јазик, кој изумрел во XVIII век, Хицакер бил наречен Љауци (Ljauci).

На 1 јули 1972 година десет општини биле припоени кон Хицакер.

Градот бил погоден од поплавите од Елба во периодот 2002-2006.

Политика[уреди | уреди извор]

Градското собрание на Хицакер

Градот Хицакер припаѓа на покраинскиот круг бр. 48 Елба и во сојузниот круг бр. 38 Лихов-Даненберг - Линебург.[7][8]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градскиот совет се состои од 15 избрани членови. На општинските избори од 11 септември 2016 година со излезност од 53,4 проценти биле добиени следниве резултати:

Партија/Листа Изборен резултат +/-
во %
Места +/-
absolut
CDU 26,8 +4,4 4 + 1
SPD 17,1 − 4 3 ± 0
UWG 07,7 − 2,2 1 − 1
Зелени 011 + 1,7 2 + 1
FDP 17,8 + 4,1 3 + 1
Иницијатива за Хицакер (INI)* 16,3 − 1,4 2 − 1
независен 03,3 − 2,6 0 − 1
Вкупен број 15 0
+ / −: разлика од општинските избори 2011

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Градоначалник на Хицакер е Холгер Мертинс (FDP).

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Хицакер бил збратимен со следниве градови:

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната улица со фахверк куќи
  • Старото градско јадро со фахверк куќи и царинската куќа од 1589 година
  • Археолошки центар „Хицакер“
  • Старата царинска куќа
  • Ловна куќа и шумски музеј во Герде
  • Воденица Катемин
  • Црква „Св. Јоханис“

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Хицакер има железничка врска до Даненберг и Линебург. Исто така, постојат автобуски врски до Линебург, Илцен и Даненберг, како и до окружниот град Лихов.

Во градот постои фериботска линија преку Елба.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2018“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2018.  (германски)
  2. Statistik des Deutschen Reichs, Band 450: Amtliches Gemeindeverzeichnis für das Deutsche Reich. Teil I, Berlin 1939; S. 265
  3. [1] Архивирано 16 June 2008 во Wayback Machine.
  4. Blazek, Matthias, Das Löschwesen im Bereich des ehemaligen Fürstentums Lüneburg von den Anfängen bis 1900, Adelheidsdorf: 2006, p. 89.
  5. Grässe, Johann Georg Theodor, Sagenbuch des preußischen Staats, Hildesheim, New York 1977, S. 907; Blazek, Matthias, „Aberglaube und Hexenverfolgung“, in ders.: Hexenprozesse – Galgenberge – Hinrichtungen – Kriminaljustiz im Fürstentum Lüneburg und im Königreich Hannover, Stuttgart 2006, p. 62 ff.
  6. Blazek, Löschwesen, a. a. O., p. 102.
  7. Landtagswahlkreise ab 16. Wahlperiode. Wahlkreiseinteilung für die Wahl zum Niedersächsischen Landtag. Anlage zu § 10 Abs. 1 NLWG, p. 4. (pdf Архивирано 25 July 2011 во Wayback Machine.; 87 kb).
  8. Beschreibung der Wahlkreise. Anl. zu § 2 Abs. 2 Bundeswahlgesetz. In: Achtzehntes Gesetz zur Änderung des Bundeswahlgesetzes. Anl. zu Artikel 1. Bonn 18. März 2008, p. 325. (pdf Архивирано 25 July 2011 во Wayback Machine.; 200 kb).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]