Берген на Думе
Берген на Думе | |
Главната улица низ местото | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Лихов-Даненберг |
Општ. заед. | Лихов |
Месни единици | 8 |
Градоначалник | Хајдемари Шулц (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 25,48 км2 |
Надм. височина | 22 м |
Население | 1.413 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 55 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | DAN |
Пошт. бр. | 29468 |
Повик. бр. | 05845 |
Портал | www.bergen-dumme.de |
Местоположба на Берген на Думе во рамките на округот Лихов-Даненберг | |
Координати | 52°53′0″N 10°58′0″E / 52.88333° СГШ; 10.96667° ИГД |
Берген на Думе (германски: Bergen an der Dumme) — општина во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Полапското име на Берген е Тјорска (Tjörska), што веројатно потекнува од тјора со значење „гора“ на словенските јазици.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Берген на Думе се наоѓа во југозападниот дел на областа Вендланд. Се наоѓа јужно од Дравен на јужниот раб од природниот парк Елбхеен-Вендланд и низ еден нејзин дел тече потокот Вустровер Думе, притока на Јецел.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Берген на Думе се состои од следниве места:
- Банцау
- Белау
- Берген на Думе
- Јигел
- Малслебен
- Нинберген, до 16 март 1936 г. познато како Ниндорф кај Берген[2]
- Шпитал
- Венинген
Околу 80% од населението живее во средиштето на општината.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црквата „Св. Павле“ во Берген
-
Фахверк градба
-
Хотел
-
Општинското собрание
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ Statistik des Deutschen Reichs, Band 450: Amtliches Gemeindeverzeichnis für das Deutsche Reich, Teil I, Berlin 1939; Seite 265
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Берген на Думе на Ризницата ?
|
|