Горлебен
Горлебен | |
Средиштето на Горлебен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Лихов-Даненберг |
Општ. заед. | Гартов |
Месни единици | 2 |
Градоначалник | Клаус Хофштетер (WG) |
Основни податоци | |
Површина | 21,25 км2 |
Надм. височина | 20 м |
Население | 607 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 29 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | DAN |
Пошт. бр. | 29475 |
Повик. бр. | 05882 |
Портал | www.gorleben.de |
Местоположба на Горлебен во рамките на округот Лихов-Даненберг | |
Координати | 53°02′53″N 11°21′20″E / 53.04806°N 11.35556°E |
Горлебен (германски: Gorleben) — општина во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Горлебен е познат како место на контроверзниот објект за одлагање на радиоактивен отпад, моментално користен како привремен објект, но се планира да стане од траен карактер со изградба на длабоко складиште. Поради тоа привлекува чести протести од заштитниците за животната средина од 1970-тите години.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Името Горлебен има словенско потекло и веројатно потекнува од Гор (Goor), што означува планина, и Лебен (leben), што означува наследство.
Географија
[уреди | уреди извор]Малото место се наоѓа непосредно на левиот брег на реката Елба. Местото е обиколено од биосферниот резерват Долносаксонски Елбталауе од исток, север и северозапад, додека на југ се наоѓа шумската област Гартовер Танен. Оваа шумска област е најголемата непрекината шума во Германија, поседувана од грофот Бернсторф од Гартов.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Горлебен се состои од следниве места:
- Горлебен
- Мечов
Историја
[уреди | уреди извор]Горлебен бил првпат споменат од владетелите на Грофовијата Даненберг во 1360 година, кога постоела тврдина.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Споменик за загинатите во Втората светска војна
-
Поглед на селото
-
Црквата во Горлебен
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|