Фалише

Координати: 41°58′48″N 21°00′25″E / 41.98000° СГШ; 21.00694° ИГД / 41.98000; 21.00694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 16:26, 15 февруари 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Исправка на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: Географиja → Географија, Историja → Историја)
Фалише
Фалише во рамките на Македонија
Фалише
Местоположба на Фалише во Македонија
Фалише на карта

Карта

Координати 41°58′48″N 21°00′25″E / 41.98000° СГШ; 21.00694° ИГД / 41.98000; 21.00694
Регион Долни Полог
Општина Тетово
Население 546 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28086
Фалише на општинската карта

Атарот на Фалише во рамките на општината
Фалише на Ризницата

Фалише — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Селото Фалише се наоѓа во Долни Полог, 7 км источно од Тетово, на левиот брег на реката Вардар.

Историја

Селото Фалише е старо село. Во средниот век (1337-1346 година), во хрисовула на Тетовскиот Манастир се споменува како Хвалише.[2] Најстарото село се наоѓало на местото Старо Фалише, на патот за Скопје.[2] Некои од жителите го формирале новото село, а потоа поради зулуми старото село било раселено. За време на турското ропство населбата станала чифчиска, а во 1917 година земјата нагло била распродадена на жителите.[2]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 30 семејства, 1 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[3]

Стопанство

Демографија

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Фалиша — село во Желинска општина (со центар во Сараќино) и има 16 куќи и 207 жители, Македонци и Албанци.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 546 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 519
Турци 0
Роми 0
Албанци 19
Власи 0
Срби 7
Бошњаци 0
останати 1

Родови

Фалише е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

  • Македонски: Коачовци (8 к.) доселени се од Кичевско. Се делат на Трпевци, Војновци и Симуновци. Родот го основале тројца браќа Трпе, Војне и Симун. Го знаат следното родословие: Петре (жив на 70 г. во 1940-тите) Зако-Трпе, еден од браќата кои се доселиле; Ванчевци (2 к.) доселени се од селото Сушица, Порече. Го знаат следното родословие: Ѓорче (жив на 40 г. во 1940-тите) Трпе-Стојан-Ване, предокот кој се доселил; Велешани (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Сараќино, подалечно потекло од Велешко. Овде се викаат и Мартиновци; Петревци (2 к.) доселени се во 1917 година од селото Старо Село, Порече; Апостоловци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Радиовце; Горанци или Стојчевци (3 к.) доселени се од селото Горанце кај Качаник; Урдовци (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Могилец, Порече; Петковци (4 к.) доселени се во 1928 година од селото Растеш, Порече; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Рогачево; Димовци (1 к.) доселени се од селото Јажинце; Ѓорчевци (1 к.) доселени се од селото Одри, подалечно потекло имаат од Битолско; Милошевци (1 к.) доселени се од селото Манастирец, Порече.
  • Албански: Маршиновци (2 к.) доселени се од селото Горно Јеловце. Подалечно потекло од Љума.[2]

Општествени установи

Црквата „Св.Атанасиј“
Цркви

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 1983 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 527 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Ф. Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 430.
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.367
  4. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски