Ула Бекташ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ула Бекташ
Πλατανόβρυση
Ула Бекташ is located in Грција
Ула Бекташ
Ула Бекташ
Местоположба во областа
Ула Бекташ is located in Драма (општина)
Ула Бекташ
Местоположба на Ула Бекташ во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°10′N 24°22′E / 41.167° СГШ; 24.367° ИГД / 41.167; 24.367Координати: 41°10′N 24°22′E / 41.167° СГШ; 24.367° ИГД / 41.167; 24.367
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000320000000320 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно58
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ула Бекташ (грчки: Πλατανόβρυση, Платановриси)[2][3] — село во Општина Бук на Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 23 километри источно од градот Драма и на 22 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 320 метри. Северно од селото се наоѓа вештачкото Улабекташко Езеро на реката Места, во чие продолжение на запад е и поголемата акумулација Черешовско Езеро.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 450 жители Турци[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Платановриси.[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

До 1928 година во селото биле населени 248 бегалци од Турција[6]. Во 1928 година селото броело 248 жители, додека во 1940 година селото броело 170 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 176 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 160 жители, во 1971 година имало 56 жители, во 1981 година имало 36 жители, додека во 1991 година имало 23 жители[7]. Денеска, населението на селото е 58 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 393 297 285 171 125 161 162 58
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]