Страната (Ангелци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Страната
археолошко наоѓалиште
Страната is located in Македонија
Страната
Местоположба на Страната во Македонија
Местоположба 41°28′35″N 22°36′39″E / 41.47639° N; 22.61083° E / 41.47639; 22.61083Координати: 41°28′35″N 22°36′39″E / 41.47639° N; 22.61083° E / 41.47639; 22.61083
Основни податоци
Место Ангелци
Општина Василево
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Странатаархеолошко наоѓалиште во близина на селото Ангелци, Општина Василево. Страната претставува населба од неолитското и римското време. Теренот е блага падина, седлесто вдлабена на средината, свртена кон исток, со површина од 3 хектара. Западната страна ја заштитува ритчето Чаушев Камен, а северната и дел од источната страна се опкружени со коритото на малата река Сушица.

Целата површина е обработена и поделена на парцели во кои хумусниот слој е испревртен со земјоделските работи, така што се среќаваат голем број неолитски предмети од керамика, коска и камен, куќен лепеж, а спорадично тегули и друг градежен материјал од римското време.

Во 1985 година, во организација на Музејот на Македонија и музејот од Струмица било извршено пробно ископување. Биле откриени остатоци од населба со културен слој дебел 1,80 м, во кој се разграниќуваат два хоризонта на живеење, настанати во рамките на доцниот неолит. Постариот хоризонт (Ангелци И) покажува материјална култура во која се присутни елементи блиски до оние од населбите во културните групи Зелениково, со што во извесна смисла ја означува јужната граница на рефлексиите од винчанската култура во Источна Македонија.

Што се однесува до населбата од помладиот хоризонт, културно е посамостојна, но истовремено и многу блиска до доцнонеолитските населби од реонот на Долна Струма[1].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069