Чуј Петел (Дукатино)
„Чуј Петел“
| |
Местоположба | 41°32′36″N 22°32′39″E / 41.54333° СГШ; 22.54417° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Дукатино |
Општина | Василево |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
старохристијанско време | |
Портал „Археологија“ |
Чуј Петел — археолошко наоѓалиште во Дукатино, Општина Василево.
Претставува населба од доцноантичко време и старохристијанско време. На 1,5 км јужно од селото, на границата со атарот на селото Радичево се наоѓа високо зарамнето плато со површина од 700 × 500 м, на кое се среќаваат остатоци од населбинска керамика, питоси, тегули и друг градежен материјал. Во нивите на Г. Велков и В. Лазаров биле откриени темели од објекти, земјоделски алатки (српови, ножеви, мотики, секири), како и римски монети. На западниот крај на наоѓалиштето има темели од базилика од која биле откопани база и големи стебла од столбови. Едно стебло било однесено во селската црква[1].
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко;
- Калата — населба од доцноантичко време;
- Селиште — населба од доцноантичко време;
- Градиште — населба и некропола од доцноантичко време.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од старохристијанско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на базилика
- Дукатино
- Археолошки наоѓалишта во Општина Василево
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Струмичко