Разлика помеѓу преработките на „Чикаго Булс“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 2 бајти ,  пред 1 година
с
→‎1999-2004: Шест тешки сезони: Правописна исправка, replaced: чуство → чувство
с (Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г., 1 год. → 1 г., 2 год. → 2 г., 4 год. → 4 г., 9 год. → 9 г.)
с (→‎1999-2004: Шест тешки сезони: Правописна исправка, replaced: чуство → чувство)
 
==1999-2004: Шест тешки сезони==
Летото 1998 година донесе изненадувачки крај на шампионската ера.Краус имаше чуствочувство дека екипата е веќе стара и не може да победува.Тој одлучи дека како единствени опции на тимот се, да го обнови тимот или соочување на тимот со бавно опаѓање.Планот на Краус беше да ги продаде играчите кои се веќе возрасни и да донесе нови таленти со избор на драфтот, додека ја ослободи и зголеми касата на тимот, со што ќе се купат некои слободни надежни играчи.На оваа идеја Краус добил вето од сопственикот на тимот Џери Реинсдорф, но затоа по одреден период тој го заменува Скоти Пипен за Рој Роџерс и дополнително право на избор на играч на драфтот таа година.Краус одбил да го продолжи договорот со Денис Родман и ги заменил Лук Лонгли и Стив Кер за да добие право за избор на повеќе играчи на драфтот. Тој го вработил Тим Флојд како нов тренер, по заминувањето на Фил Џексон.По краток прекин на сезоната 1998/99 година тимот на Булс играл со првата петорка која била предводена од страна на Ренди Браун како организатор на игра, Рон Харпер во позиција на бек, новиот играч Брент Бери во позиција на крило, Тони Кукоч како крилен центар и Бил Венингтон како центар. Кукоч го преводел тимот во поени, скокови и асистенции, но сепак тимот потфрлил и победил само на 13 натпревари од 50 одиграни.Таа сезона Булс доживелае рекорд во историјата на НБА за најмалку дадени поени во еден натпревар, односно 49 поени во натпреварот против тимот ,,Мајами Хит’’ на 10 Април.Во наредната сезона тимот го добива крилниот центар Елтон Бренд на драфтот, но пак ги загуби Харпер, Венингтон и Бери од клупата на Булс во периодот пред почетокот на сезоната.Таа сезона Кукоч се соочи со повреда која го спречи да игра поголемиот дел од сезоната, со што тимот беше предводен од Бренд и Рон Артест. И покрај тоа, тимот ја заврши сезоната со катастрофален резултат од 17 победи и 65 порази. Овој тренд на опаѓање на тимот продолжува и во наредните сезони каде што се прават измени на тимот, но сепак со неуспех да се врати победничкиот дух на Булс. Како освежување на тимот во наредните сезони беа донесени Џамал Крафорд, Бред Милер, Рон Мерсер, Маркус Физер, Тајсон Чендлер. Во 2001 тимот прави драстична замена на Мерсер,Артест,Милер и Кевин Оли во редовите на Индијана Пејсерс, а за возврат ги доби ветеранот Џален Роуз,Трејвис Бест и Норман Ричардсон.Измена истата година имаше и во местото на главен тренер каде што беше избран Бил Картврајт (поранешен играч).Таа сезона заврши со слаб резултат.Во наредните две сезони тимот започнува да ги зголемува победите, не драстично, но сепак се гледал прогрес во екипата.Нови играчи во наредните две сезони биле дебитантот Кирк Хајнрих, враќањето на Скоти Пипен, Еди Кари и Антонио Дејвис. Во сезоната 2003/04 година главниот тренер Бил беше отпуштен и заменет со поранешниот тренер на Феникс, Скот Скилс.Играч кој се издвојувал во овој период на тимот бил дебитантот Кирк Хајнрих кој имал одлични резултати.
 
==2004-2007:Враќање во плејофот==

Прегледник