Ричард Хамилтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ричард Хамилтон
Прекар(и)Рип
Позицијабек, крило
Висина2,01 м
Тежина88 кг
Број32
Роден6 март 1978(1978-03-06)(46 г.)
Коутсвил, Пенсилванија
НационалностСАД САД
ФакултетКонектикат (1996–1999)
Драфт1999 / Рунда: 1 / Пик: 7-ми overall
Избран од Вашингтон Вашингтон Визардс
Проф. кариера1999–2013
Клубови
1999–2002Вашингтон Вашингтон Визардс
2002–2011Детроит Детроит Пистонс
2011–2013Чикаго Чикаго Булс
Репрезентација
Инфо од: 29.11.2016.

Ричард Клеј "Рип" Хамилтон (роден на 14 февруари 1978) е американски поранешен кошаркар кој одиграл 14 сезони во Националната кошаркарска асоцијација (НБА).

Во најголемиот дел од кариерата тој играл за Детроит Пистонс, а по кратки периоди го носел дресот и на Вашингтон Визардс и Чикаго Булс. Тој е трикратен Ол-стар играч, и освојувач на НБА првенството во 2004 со шампионскиот тим на Детроит Пистонс. Кариерата ја завршил во февруари 2015 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Колеџ[уреди | уреди извор]

Хамилтон играл колеџ кошарка за екипата на Конектикат Хаскис на Универзитетот во Конектикат од 1996 до 1999 година. Во својата последна година на колеџот, тој го освоил НСАА (Ен-Си-Еј-Еј) првенството и бил прогласен за МВП на финалето откако со 27 бода 7 скока и 3 асистенции придонел за победата над Дјук Блу Девилс.

НБА[уреди | уреди извор]

Вашингтон Визардс (1999-2002)[уреди | уреди извор]

По шампионската сезона во НСАА, Хамилтон бил избран како 7-ми пик на НБА Драфтот 1999 од страна на Вашингтон Визардс. Во неговата руки сезона, тој одиграл 71 натпревар од кој 12 како стартер со просек од 9 бода по натпревар најчесто како замена на искусниот бек Мич Ричмонд. Визардс успеале да победат само 29 натпрвари, и не успеа да изборат место во плејофот. Сезоната на Визардс била одбележана и по додавањето на Мајкл Џордан во франшизата, кој ја презел функцијата на делумен сопственик и претседател на кошаркарските операции.

Следната година се покажала како сезона на пробивот за Хамилтон; тој играл многу повеќе во споредба со минатата сезона започнувајќи во 42 од 78 натпревари и тоа на позицијата крило со што и неговиот број на бодови во просек се зголемил двојно на 18,1 бод во просек по натпревар. Меѓутоа и покрај тоа Визардс не успеале да се подобрат во однос на минатата сезона, забележувајќи само 19 победи и завршувајќи на претпоследното место во Источната конференција. Во офсезоната, Мајкл Џордан, најавил дека ќе се врати на паркетот за Визардс, додека, исто така, клубот го назначил Даг Колинс да биде тренер на тимот за сезоната 2001-2002. И покрај релативно успешниот старт на сезоната, повредите го ограничиле Џордан на само 60 натпревари, додека Хамилтон исто така, одиграл само 63 натпревари, но ја зацврстил својата позиција како бек во почетната петорка на тимот. Иако скорот на Визардс бил значително подобрен во однос на претходните две сезони, тие сепак повторно неуспеале да се пласираат во плејофот завршувајќи на десеттото место во конференцијата со скор 37-45. Хамилтон ја завршил сезоната со просек од 20 бода по натпревар, и бил на второто место во лигата по процентот на успешност во изведувањето на слободните фрлања, шутирајќи со 89 проценти од линијата за слободни фрлања.

Во септември 2002, Визардс се одлучиле да го трампаат Хамилтон во Детроит Пистонс, во договор со шест играчи да се здобијат со искусниот Ол-Стар стрелец Џери Стекхаус.

Детроит Пистонс (2002–2011)[уреди | уреди извор]

Првата сезона со Пистонс 2002-2003[уреди | уреди извор]

Пистонс кои во претходната сезона успеале да се пласираат во плејофот по подолго време и таму догурале до конференциското полуфинале, предводени од тренерот Рик Карлајл и најдобриот дефанзивец за сезоната Бен Валас, веќе претходно го довеле плејмејкерот Чонси Билапс и го драфтувале крилото Тејшон Принс за време на оф-сезона. Хамилтон стартувал во сите 82 натпревари за Детроит во регуларниот дел од сезоната и бил водач на тимот во по бројот на уфрлени кошеви со 19,7 бода по натпревар предводејќи ги Пистонс до 50 победи и првото место во Источната конференција. По завршувањето на регуларниот дел на сезоната Пистонс како први носители на истокот се пласирале во плејофот, каде Хамилтон го направил своето прво појавување во кариерата, во серијата против Орландо Меџик во првиот круг. Орландо предводени од суперѕвездата Трејси МекГрејди дошле до водство од 3-1 во серијата, меѓутоа Пистонс предводени од Билапс и Хамилтон се собрале на време за да победат во три натпревари едноподруго вклучувајќи го и критичниот седми натпревар на домашен терен. Во конференциското полуфинале тие се соочиле со Филаделфија Севентисиксерс, и откако и двете екипи победиле во својте први два домашни натпревари резултатот во серијата бил нерешен 2-2 по што Пистонс врзале две победи со кој успеале да ја добијат серијата и да се пласираат во финалето на конференцијата за пат од 1991 година каде се соочиле со бранителот на конференциската титула Њу Џерси Нетс, кој ги поразиле Пистонс во четири натпревари. Хамилтон имал учинок од 22,5 бода по натпревар со 44 проценти шут од игра.

Освојување на првенството 2003-2004[уреди | уреди извор]

Хамилтон започнал да носи проѕирна пластична маска за лице, која ќе стане негов заштитен знак во текот на сезоната 2003-2004. Тој двапати го скршил носот таа сезона (еднаш тоа се случило во 2002 година) и на Хамилтон му било препорачано да носи маска за остатокот од неговата кариера поради ризикот од значајни носна реконструктивна хирургија. Носејќи ја маската, Хамилтон одново го водел Пистонс во завршницата во текот на сезоната со 17,6 бода по натпревар во 78 натпревари, а Пистонс ја завршиле сезоната со 54 победи и го додале Ол-стар крилниот центар Рашид Валас при крајот на регуларниот дел од сезоната за подобрување на предната линија на тимот.[1][2] Во плејофот, Пистонс доминирале над Милвоки Бакс во првата круг пред да дојде реваншот со Њу Џерси Нетс кој ги исфрлиле минатата сезона. По добивањето на воведните два натпревари во серијата, Нетс ги освоиле следните три пред Пистонс да се вратат во игра со победа на домашен терен, а потоа во решавачкиот седми натпревар да го "растурат" Њу Џерси на гости со 90-69, натпревар во кој Хамилтон постигнал 24 бода. Пистонс потоа се соочиле со најдобриот тим на Истокот во регуларниот дел од сезоната Индијана Пејсерс во финалето на конференцијата, и за нивната одлична одбрана и ефикасен шут се покажале пресилни за фаворизираните Пејсерси предводени од Џермејн О'Нил и Реџи Милер. Хамилтон постигнал највисоки за него во плејофот во кариерата 33 бода во петтиот натпревар во серијата во кој Детроит ја победил Индијана со 83-65 и повел со 3-2 во серијата, пред во следниот натпревар на гости повторно предводени од Хамилтон (21 бод) со уште една победа да дојдат до конечниот успех со 4-2 во серијата. Така Пистонс се избориле за своето прво НБА финале на франшизата уште од 1990 година кога таканаречените "Лоши момчиња" ја освоиле титулата.

На Пистонс се гледало како на голем аутсајдер пред почетокот на финалето, во кое тие требало да се соочат со ѕвездената екипа на Лос Анџелес Лејкерс кои освоиле три последователни првенства во периодот 2000-2002 и за кои настапувале ѕвезди како Шекил О’Нил, Коби Брајант, Гари Пејтон и Карл Мелоун. Лејкерс ја имале и предноста на домашен терен да ја започнат серијата (исто така и да играат дома доколку се дојде до седмиот одлучувачки натпревар), но поприлично се мачеле во првиот натпревар од серијата во Лос Анџелес, бидејќи Пистонс доминирале во текот на целиот натпревар и на крајот успеале да ги шокираат Лејкерси победувајќи ги со двоцифрена разлика. Лејкерс успеале после голема борба да го изедначат резултатот во серијата добивајќи го вториот натпревар исто така игран во Стејплс центарот со 99-91 по продолженија, благодарение на исклучително расположениот Коби Брајант кој уфрлил 33 бода. Во следниот натпревар серијата се префрлила во Детроит. Хамилтон бил најефикасниот играч на паркетот во третиот натпревар постигнувајќи 31 боди за 43 минути игра, шутирајќи 11-22 од игра 2-4 за три бода и 7-7 од линијата за слободни фрлања, придонесувајќи обилно за втората победа на Пистонс во финалната серија овојпат со 20 коша разлика 88-68. Во четвртиот натпрвар Детроит одново ја искористиле предноста на домашен терен поразувајќи ги Лејкерс со 88-80 и дошле до водстѕво од 3-1. Лејкерси се обиделе да ги свртат работите во натпреварот број 5, но фантастичната одбрана и сигурниот шут од игра на Пистонс биле премногу добри за тимот од Лос Анџелес, па Хамилтон кој постигнал 21 бод одново го одваел Детроит до победа со двоцифрена разлика, со што била обезбедена првата титула во НБА за тимот по 1990 година. Хамилтон во петте натпревари од финалето имал просек од 21,4 бода, највисок во тимот на Пистонс и за малку подобар од Чонси Билапс (просек од 21 бод по натпревар) кој ја добил наградата за МВП на финалето.

Ново финале 2004-2005[уреди | уреди извор]

Бранителот на титулата од претходната сезона Детроит Пистонс влегле во сезоната решени да го повторат успехот од лани, а тимот уште еднаш победил во 54 натпревари од регуларниот дел на сезона во кои Хамилтон имал просек од 18,7 бода по натпревар и учествувал во 76 натпревари. Сезоната вклучува и еден чуден рекорд на Хамилтон, како тој станал единствениот играч во историјата на НБА кој постигнал најмногу бодови во својот тим по завршувањето на еден натпревар и покрај тоа што не погодил ниту еден шут од игра; на 6 јануари 2005 година, Хамилтон имал 0-од-10 шут од игра, но тој реализирал 14-од-14 од линијата за слобони фрлања во поразот на Пистонс со 101-79 од Мемфис Гризлис.[3] Пистонс влегле во плејофот како втори носители, и ја победиле Филаделфија пред да дојде нов двобој со Индијана, во кој шампиони успеале да го надминат дефицитот од 2-1 во серијата и да поминат понатаму во шест натпревари од кој во последниот Хамилтон бил извонреден и постигнал 28 бода. Во финалето на конференцијата тие се сретнале со Мајами Хит предводени од новото засилување Шекил О’Нил, кој пристигнал во размена на играчи од Лос Анџелес, и Двејн Вејд. Двата тима тргнале со по две победи на домашен терен во првите четири натпревари пред Хит да победат во петтиот натпревар во Детроит и да поведат со 3-2. Пистонс одговориле со победата во шестиот натпревар, а во седмиот одлучувачки игран во Мајами Хамилтон постигнал 24 бода и му помогнал на Пистонс да се пласира во НБА финалето за втора година по ред.

Детроит се соочиле со Сан Антонио Спарс во финалето, предводени од ол-стар играчи како што се Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили. Сан Антонио ги добиле првите два натпревари од серијата, пред Пистонс да одговорат со две победи на свој терен а потоа Спарс први бележат победа на гости победувајќи во петтиот натпревар во Палас оф Оберн Хилс со 96-95 по продолженија за водство од 3-2. Детроит усепале да се вратат во игра одговарајќи со победа на гости во шестиот натпревар, предводени од Хамилтон кој постигнал 23 бода. Сепак, Спарс се покажале премногу добри во седмиот одлучувачки натпревар победувајќи со 81-74, и го освоиле првенството. Хамилтон имал просек од 20 бода во текот на плејофот на 2005 година, а во финалето неговиот просек бил 16,7 бода по натпревар.

Три конференциски финалиња 2005-2008[уреди | уреди извор]
Хамилтон во 2008 година со Детроит Пистонс

Сезоната 2005-2006 била уште една одлична сезона на поединечен план за Хамилтон. Тој во просек реализирал највисоки-во-кариера 20,1 бод по натпревар и го заработил својот прв повик за НБА Ол-Стар натпреварот започнувајќи како резервен бек за Источната конференција. Тој, исто така, бил водач во лигата со највисок процент за шут за три бода шутирајќи со 45,8 %, додека неговите Пистонс брилирале во текот на регуларниот дел од сезоната победувајќи во 64 натпревари и пласирајќи се во плејофот како први носители на конференцијата. Детроит уште еднаш минале низ првата рунда од плејофот против Милвоки, а Хамилтон постигнал фантастични 40 бода во петтиот натпревар од серијата со кој Пистонс го обезбедиле пласманот понатаму (победувајќи со 4-1 во серијата). Во следната рунда жртва на Пистонс биле Кливленд Кавалирс на Леброн Џејмс. Серијата се покажала како исцрпувачка, достигнувајќи дури до седмиот одлучувачки натпревар во кој Детроит го искористиле домашниот терен и предводени од Тејшон Принс со 20 и Хамилтон со 15 бода го совладале Кливленд со 79-61 ја добиле серијата со 4-3 и се пласирале во финалето на конференцијата.[4] Во финалето на истокот наишле на истиот противник од минатата сезона, Мајами Хит, кој биле жедни за одмазда за ланската елиминација. И додека Пистонс овојпат ја имале и предноста на домашен терен немале одговор за доминантниот играч на Хит Двејн Вејд, по што биле поразени во шест натпревари. Хамилтон успеал да постигне 33 бода во шестиот натпревар и имал просек од 20,4 бода во плејофот 2006 година. Мајами се пласирале во финалето и го освоиле НБА првенството. По крајот на сезоната, на Чикаго Булс го довеле центарот на Пистонс Бен Валас, со што доаѓа до промена на динамиката и идентитетот на Детроит Пистонс.

Во текот на сезоната 2006-2007 година, на 27 декември, Хамилтон ги постигнал својте рекордни во кариерата 51 бод со шут од игра 19-од-37 во поразот со 151-145 по три продолженија од Њујорк Никс, станувајќи првиот противнички играч од Мајкл Џордан кој успеал да постигне повеќе од 50 бода во Медисон Сквер Гарден.[5][6] Хамилтон во просек имал 19,8 бода во текот на сезоната и уште еднаш беше избран да ја претставува Источната конференција на НБА Ол-стар натпреварот. Пистонс го завршиле регуларниот дел од сезоната со скор 53-29, и повтроно како први носители се пласирале во плејофот. Таму тие го отстраниле Орландо Меџик во првиот круг, а потоа и Чикаго на доскорашниот Пистон Бен Валас во полуфиналето на конференцијата. Во финалето на конференцијата загубиле од Кливленд Кавалирс со 4-2. Хамилтон во просек имал 18,8 бода во текот на плејофот на 2007 година.

И покрај порастот на Кавалирс и Бостон Селтикс, кој во офсезоната ги стекнале Кевин Гарнет и Реј Ален приклучувајќи ги на Пол Пирс, Пистонс останале еден од најдобрите тимови во истокот, забележувајќи 59 победи и завршувајќи пред Кавалиерс на првото место во Централната дивизија. Хамилтон во просек имал 17,3 бода по натпревар за Детроит, и за трета година по ред бил избран за НБА Ол-стар натпреварот. Хамилтон исто така, учествувал и во шутирање тројки, на споменатиот Ол-Стар кој се одржал за време на Ол стар викендот во Њу Орлеанс. Тој постигнал 14 бода во првиот круг, но не се квалификувал за финалето, а титулата отишла во рацете на Џејсон Капоно.[7] За трета година по ред Пистонс стигнале до финалето на конференцијата во НБА плајофот откако најпрво ја елиминирале Филаделфија во првиот круг, пред да го отстранат Орландо Меџик предводени од младата суперѕвезда центарот Двајт Хауард; Хамилтон постигнал 32 бода во петтиот натпревар и 31 бод во шестиот натпревар во серијата против Орландо, и на тој начин го надминал Ајзеа Томас како најдобар стрелец на Пистонс во плејофот.[8] Детроит стигнале до своето шесто последователно конференциско финале во кое овојпат се соочиле со Бостон. После 4 натпревари серијата стоела израмнето 2-2, меѓутоа следните два натпревари биле добиени од Селтикс и тие ја освоиле серијата во 6 натпревари пласирајќи се во НБА финалето во кое издвојувале победа и над Лос Анџелес Лејкерс за да ја освојат титулата. Хамилтон во просек имал 21,6 бода во текот на плејофот.

Последните години во Пистонс 2008-2011[уреди | уреди извор]
Хамилтон во дресот на Пистонс шутира преку играчот на Шарлот Бобкетс Џералд Валас во 2009.

Пред почетокот на сезоната 2008-2009 Пистонс направиле некој промени во ростерот од кој најзначајна била размената на Чонси Билапс за Ален Ајверсон во текот на сезоната 2008-2009, а на 3 ноември 2008 година, со Хамилтон потпишале нов тригодишен договор, вреден 34 милиони долари. Хамилтон имал просек од 18,3 бода по натпревар во текот на сезоната, но играл значителен број на натпревари од клупата за резерви, вклучувајќи го и оној против Милвоки во кој постигнал 38 бода, што претставува рекорд за најмногу бодови од резервен играч на Пистонс во историјата.[9] На 13 март 2009, тој, забележил највисоки во кариерата 16 асистенции во натпреварот против Торонто Репторс.[10] За првпат од години наназад Пистонс завршиле една сезона со негативен скор 39-43, што сепак било доволно за 8-мо место и пласман во плејофот, каде што биле експресно елеминирани од страна на Кливленд во првиот круг. Хамилтон имал просек од само 13,3 бода во серијата.

Хамилтон одигра само 46 натпревари во сезоната 2009-2010, но и натаму држел одличен просек со 18,1 боди по натпревар. Детроит издвојувал само 27 натпревари во таа година, и покрај враќањето на Бен Валас и додавање на некој помлади играчи од кој посебно впечатлив бил бекот Родни Стаки. Следната година, Хамилтон често се расправал со тогашниот тренер Џон Куестер[11] вклучувајќи ја и вербалната расправија, прекорувајќи го Куестер пред целиот тим за време на тренинг.[12] Овој спор довел до тоа Куестер да го испрати Хамилтон на клупата[13] За повеќе од шест недели, Хамилтон играл само 20 минути и вкупно добил ДНП-КД (не игра - поради одлука на тренерот) во 23 од 24 натпревари.[14] И покрај тоа што Куестер бил отпуштен од Пистонс по завршувањето на сезоната 2010-2011, договор на Хамилтон бил купен од страна на Детроит во декември 2011 година, со што Хамилтон станал слободен агент.[15]

Чикаго Булс (2011-2013)[уреди | уреди извор]

Хамилтон ја расчистил документацијата на 14 декември 2011 година и брзо потпишал тригодишен договор, вреден 15 милиони долари со Чикаго Булс, со опција за третата година да одлучи клубот.[16][17] За време на сезоната 2011-2012, тој имал просек од 11,6 бода, 3 скока и 2,4 асистенции по натпревар во 24,9 минути по натпревар. Поради повреда, тој одиграл само 28 натпревари (почнувајќи во сите нив). Булс завршиле со скор од 50-16, освојувајќи го првото место на Истокот во регуларниот дел од сезоната. Сепак, тимот го загубил Ол-Стар играчот Дерик Роуз кој искинал Еј-Си-ЕЛ во првиот натпревар од плејофот и биле поразени уште во првиот круг на плејофот од осмите носител Филаделфија Севентисиксерс во шест натпревари.

Во сезоната 2012-2013, Хамилтон во просек имал на 9,8 бода 2,4 асистенции и 1,7 скока по натпревар во 21,8 минути по натпревар. Тој одиграл 50 натпревари, започнувајќи во 45 од нив. Булс завршиле со скор од 45-37; освојувајќи го петтото место во Источната конференција и второто во Централната дивизија. Тимот стигнал до вториот круг од плејофот, но биле елиминирани од страна на Мајами Хит. Булс одлучиле да ја активираат нивната опција во договорот на Хамилтон на 10 јули 2013 година, со што ја откажале соработката за третата сезона и Хамилтон повторно станал слободен агент.

На 26 февруари 2015, Хамилтон и официјално го најавил своето повлекување од професионалното играње кошарка во програмата на ЕСПН Неговиот и Нејзиниот.[18] Ова било само неколку месеци откако тој претрпел повреда на коленото во октомври 2014 година, која на крајот го убедила да се повлече од активното играње кошарка на возраст од 37 години.[19]

Титули[уреди | уреди извор]

НБА статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Општи податоци[уреди | уреди извор]

Статистика од 8 декември 2016

  • Бодови: 15,708 (17.1 ппн)
  • Асистенции: 3,125 (3.4 апн)
  • Скокови: 2,852 (3.1 спн)
  • Најмногу бодови на еден натпревар: 51 против Њујорк Никс (27/12/2006)
  • Најмногу скокови: 11 против Орландо Меџик (8/4/2005)
  • Најмногу асистенции: 16 против Торонто Репторс (13/3/2009)
  • Најмногу украдени топки: 5 двапати
  • Најмногу погодени тројки: 6 против Торонто Репторс (22/12/2010)

Регуларен дел од сезоната[уреди | уреди извор]

Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата
Ја означува сезона во која Хамилтон ја освоил титулата во НБА
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
1999-2000 САД Вашингтон 71 12 19.3 .420 .364 .774 1.8 1.5 .4 .1 9.0
2000-2001 САД Вашингтон 78 42 32.3 .438 .274 .868 3.1 2.9 1.0 .1 18.1
2001-2002 САД Вашингтон 63 57 35.0 .435 .381 .890 3.4 2.7 .6 .2 20.0
2002-2003 САД Детроит 82 82 32.2 .443 .269 .833 3.9 3.5 .8 .2 19.7
2003-2004 САД Детроит 78 78 35.5 .455 .265 .868 3.6 4.0 1.3 .2 17.6
2004-2005 САД Детроит 76 76 38.5 .440 .305 .858 3.9 4.9 1.0 .2 18.7
2005-2006 САД Детроит 80 80 35.3 .491 .458 .845 3.2 3.4 .7 .2 20.1
2006-2007 САД Детроит 75 75 36.8 .468 .341 .861 3.8 3.8 .8 .2 19.8
2007-2008 САД Детроит 72 72 33.7 .484 .440 .833 3.3 4.2 1.0 .1 17.3
2008-2009 САД Детроит 67 51 34.0 .447 .368 .848 3.1 4.4 .6 .1 18.3
2009-2010 САД Детроит 46 46 33.7 .409 .297 .846 2.7 4.4 .7 .1 18.1
2010-2011 САД Детроит 55 39 27.2 .429 .382 .849 2.3 3.1 .7 .1 14.1
2011-2012 САД Чикаго 28 28 24.9 .452 .370 .784 2.4 3.0 .4 .0 11.6
2012-2013 САД Чикаго 50 45 21.8 .429 .308 .857 1.7 2.4 .5 .1 9.8
Кариера 921 783 32.1 .449 .346 .852 3.1 3.4 .8 .1 17.1
Ол-Стар 3 0 15.3 .458 .500 .000 2.0 1.3 .0 .0 7.7

Плејоф[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2003 САД Детроит 17 17 38.8 .442 .333 .906 3.9 2.6 .8 .1 22.5
2004 САД Детроит 23 23 40.2 .447 .385 .848 4.6 4.2 1.2 .0 21.5
2005 САД Детроит 25 25 43.2 .453 .294 .798 4.3 4.3 .8 .1 20.0
2006 САД Детроит 18 18 38.3 .413 .350 .851 2.9 2.7 .9 .3 20.4
2007 САД Детроит 16 16 39.9 .429 .400 .865 4.3 3.8 .9 .1 18.8
2008 САД Детроит 17 17 38.6 .470 .308 .911 4.2 3.9 1.4 .5 21.6
2009 САД Детроит 4 4 38.5 .356 .200 .900 2.8 5.0 1.3 .3 13.3
2012 САД Чикаго 6 6 28.5 .414 .333 .818 3.2 3.0 .2 .0 13.0
2013 САД Чикаго 4 0 17.0 .370 .429 .750 .8 1.3 .3 .5 6.5
Кариера 130 126 38.8 .439 .340 .860 3.9 3.6 .9 .2 19.8

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. To Get a Mask Like Rip's
  2. „NBA Street Homecourt – 1up.com“. Архивирано од изворникот на 2016-06-16. Посетено на 2016-12-06.
  3. Memphis reaches .500 for first time this season. Sports.espn.go.com (2005-01-06). Посетено на 2011-12-10.
  4. Pistons Stymie James in Second Half to Advance; Tayshaun Prince scored 20 points and Richard Hamilton 15 for the top-seeded Pistons
  5. Knicks survive Hamilton's big night, beat Pistons in 3OT. Scores.espn.go.com (2006-12-27). Пристапено на 2011-12-10.
  6. ESPN – Detroit vs. New York Box Score, December 27, 2006. Scores.espn.go.com (2006-12-27). Пристапено на 2011-12-10.
  7. „Shootout Round-by-Round Results: 2000-08“. NBA.com. Посетено на May 3, 2014.
  8. Pistons pull away late to advance to 6th straight conference finals. Scores.espn.go.com (2008-05-13). Посетено на 2011-12-10.
  9. Detroit Pistons vs. Milwaukee Bucks - Recap - February 07, 2009 - ESPN
  10. Detroit Pistons vs. Toronto Raptors - Recap - March 13, 2009 - ESPN
  11. Nick Friedel (December 24, 2011). „Rip Hamilton backs John Kuester“. ESPN Chicago. Посетено на May 3, 2014.
  12. Adrian Wojnarowski (February 26, 2011). „Hamilton at center of Pistons' turmoil“. Yahoo! Sports. Посетено на May 3, 2014.
  13. Chris Iott (January 12, 2011). „Detroit Pistons utilize new rotation in loss to Grizzlies; Richard Hamilton does not play“. =MLive Media Group. Посетено на May 3, 2014.
  14. „Richard Hamilton Game-by-Game Stats“. ESPN.com. Посетено на May 3, 2014.
  15. Detroit Pistons Waive Guard Richard Hamilton
  16. Bulls sign free agent guard Richard Hamilton
  17. Bulls sign Ex-Piston Rip Hamilton
  18. Richard Hamilton retires after 14 seasons in NBA
  19. „Former NBA, NCAA champ Hamilton retires“. Посетено на 2015-04-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]