Прејди на содржината

Реј Ален

Од Википедија — слободната енциклопедија
Реј Ален во дресот на Селтикс

Реј Ален (англиски: Ray Allen) (роден на 20 јули 1975 во Калифорнија) — поранешен професионален кошаркар кој настапувал во НБА за екипите на Милвоки Бакс,Сиетл Суперсоникс,Бостон Селтикс и Мајами Хит.

Тој играл на позицијата бек-шутер, а важи за играч со најголем број на погодени тројки во историјата на НБА.[1][2] Во својата кариера има освоено еден шампионски прстен (2008) како член на Селтикси.[3] Инаку има забележано настапи на 10 Ол-Стар натпревари, а со репрезентацијата на САД има освоено златен медал на Олимписките игри 2000 година одржани во Сиднеј.

  1. „Реј Ален собори уште еден рекорд“. Точка.мк. 26 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-01. Посетено на 1 јуни 2013.
  2. „НБА лига: Реј Ален најдобар „тројкаш" во плеј офот“. Сител. 26 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-04-29. Посетено на 1 јуни 2013.
  3. „Бостон шампион по цели 22 години!“. Утрински Весник. 18 јуни 2008. Посетено на 1 јуни 2013.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]