Лос Анџелес Лејкерс
Лос Анџелес Лејкерс | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Конференција | Западна | |||||
Дивизија | Тихоокеанска | |||||
Основан | 1947 | |||||
Историја | Минеполис Лејкерс (1947-1960) Лос Анџелес Лејкерс (1960-денес) | |||||
Арена | Стејплс Центар | |||||
Град | Лос Анџелес, Калифорнија | |||||
Бои на екипата | [1][2][3] | |||||
Претседател | Џини Бас | |||||
Генерелен мен. | Роб Пелинка | |||||
Тренер | Франк Фогел | |||||
Титули | ||||||
Повлечени броеви | 8, 13, 22, 24, 25, 32, 33, 34, 42, 44, 52 | |||||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||||
| ||||||
Лос Анџелес Лејкерс (англиски: Los Angeles Lakers) е еден од двата кошаркарски тимови од Лос Анџелес (Калифорнија), кои се натпреваруваат во НБА лигата. Лос Анџелес Лејкерс биле формирани во 1946, а две години подоцна, во 1948 тие се приклучиле кон НБА лигата. Екипата се натпреварува во Тихоокеанската дивизија од Западната конференција во американската национална лига.
Тие се најуспешната франшиза во НБА со 17 шампионски титули, исто колку што има и екипата на Бостон Селтикс.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Екипата првично била сместена во Минеаполис, во сојузната американска држава Минесота. Во тоа време освоиле шест шампиоски прстени предводени од центарот Џорџ Мајкан, кој бил познат како првата „вистинска“ НБА ѕвезда. По повлекувањето на Мајкан раководството имало финансиски потешкотии, па затоа тие се преместиле во Лос Анџелес (Калифорнија), пред почетокот на сезоната 1960/61.
Во текот на 60-тите екипата шест пати се пласирала во големото финале, но секој пат губела од Бостон Селтикс. Тогаш за Лејкерс играле Џери Вест и Елџин Бејлор, додека за Бостон настапувале Бил Расел и Боб Кузи помеѓу останатите. Уште од тогаш датира големото соперништво помеѓу овие две организации. Кон крајот на декадата во клубот пристапил Вил Чембрлен, со кого Лејкерси загубиле две финалиња во 1969 и 1970, но затоа пак во 72′ првпат се радувале на титулата по преселбата во „Градот на ангелите“.
По пензионирањето на Вест и Чембрлен, во екипата дошол Карим Абдул-Џабар, но навивачите чекале на златниот пехар сѐ до појавувањето на Меџик Џонсон. Меџик и Џабар формирале легендарно дуо кое во 9 години дури 5 пати се закитило со престижниот трофеј. Во тие 5 титули спаѓаат две победи во финалето против лутите противници од Источна Америка, Бостон Селтикс (1985 и 1987). Составот бил предводен од тренерот Пет Рајли.
Во текот на 90-тите Лејкерси биле засенети од успехот на Чикаго Булс и шутерот Мајкл Џордан. Кон крајот на таа деценија во франшизата пристигнал трофејниот тренер Фил Џексон, а нешто пред него играчите Шекил О′Нил и Коби Брајант. Со нив организацијата направила шампионски „хет-трик“ во периодот 2000-2002. Во текот на новиот милениум следеле два пораза во финалињата 2004 и 2008 од екипите на Детроит Пистонс и Бостон Селтикс соодветно. Последните две победи во финалните серии биле во 2009 и 2010 последователно.
Играчи
[уреди | уреди извор]Моментален состав
[уреди | уреди извор]Лос Анџелес Лејкерс | ||||
КЦ | 0 | Кајл Кузма | ||
Б | 1 | Кентевиус Колдвел-Поуп | ||
П | 2 | Квин Кук | ||
КЦ/Ц | 3 | Ентони Дејвис | ||
П | 4 | Алекс Карузо | ||
Б | 5 | Тејлен Хортон-Такер | ||
Б | 9 | Весли Матјуз | ||
К/КЦ | 10 | Џеред Дадли | ||
КЦ | 12 | Девонти Какок | ||
Ц | 14 | Марк Гасол | ||
КЦ/Ц | 15 | Монтрезл Херел | ||
П | 17 | Денис Шредер | ||
К | 23 | Леброн Џејмс | ||
К | 28 | Алфонзо Мекини | ||
КЦ | 37 | Костас Адетокунбо | ||
КЦ | 88 | Маркиф Морис | ||
Главен Тренер: Франк Фогел | ||||
- Капитен Ц - Центар / КЦ - Крилен центар / К - Крило / Б - Бек / П - Плејмејкер |
Повлечени броеви
[уреди | уреди извор]- Коби Брајант, Б, 1996-2006 8
- 13 Вилт Чемберлен, Ц, 1968–1973
- 22 Елџин Бејлор, К, 1958-1971
- 24 Коби Брајант, Б, 2006-2016
- 25 Гејл Гудрич, Б, 1965-1968 и 1970-1976
- 32 Меџик Џонсон, П, 1979-1991 и 1996
- 33 Карим Абдул-Џабар, Ц, 1975-1989
- 34 Шекил О'Нил, Ц, 1996-2004
- 42 Џејмс Ворти, К, 1982-1994
- 44 Џери Вест, П, 1960-1974
- 52 Џамал Вилкис, П, 1977-1985
- Чик Херн, коментатор, 1961-2002
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Media Guidelines And Policies“ (PDF). 2018–19 Los Angeles Lakers Media Guide. NBA Properties, Inc. October 16, 2018. Посетено на February 10, 2019.
- ↑ „Nike Jerseys“. Lakers.com. NBA Media Ventures, LLC. July 31, 2018. Посетено на February 10, 2019.
- ↑ „Los Angeles Lakers Reproduction Guideline Sheet“. NBA Properties, Inc. Посетено на February 8, 2018.
- ↑ „About STAPLES Center“. staplescenter.com. Архивирано од изворникот на 2012-09-25. Посетено на 1 септември 2008.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Лос Анџелес Лејкерс“ на Ризницата ? |